• Latest
Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Вистиномер: Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

January 8, 2022

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вистиномер: Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

January 8, 2022 11:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Специјална болница за нефрологија - Струга. Фото: Вистиномер

Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на пандемијата стотина пациенти со бубрежни заболувања кои се лекуваат во Специјалната болница за хемодијализа во Струга, заболеа од коронавирусот. Лекарите укажуваат дека кај овој вид хронични болни од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со бустер доза, велат од Специјалната болница за хемодијализа во Струга, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Коронавирусот не ги одмина пациентите со бубрежни заболувања. Од стартот на пандемијата до денес стотина пациенти со бубрежни заболувања од Југозападниот регион во земјава, заболеа од ковид-19. Кај овој тип на хронични пацинети опасниот вирус бележи дури 20 отсто смртност, велат лекарите.

Обично пациентите со бубрежни заболувања развиваат тешка клиничка слика  и повеќето се на кислородна поддршка, па затоа вакцинацијата е клучна за нив.

Д-р Вангелка Коваческа Шавревска субспецијалист нефролог Фото: Вистиномер

За пациентите со бубрежна слабост и на дијализа од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за лош исход и компликации е далеку поголема. Нашите пациенти се многу свесни, ја сфатија нашата порака и совет, така што може да кажам дека над 90 отсто од нив веќе се вакцинирани со две дози, а кај голем процент во тек е вакцинација со трета бустер доза, вели за „Вистиномер“ д-р Вангелка Коваческа Шавревска, субспецијалист нефролог.

За разлика од лани бројот на ковид позитивни пациенти со бубрежни заболувања е далеку помал.

Токму поради вакцинацијата може да кажеме дека бројот на пациенти со хронични бубрежни заболувања, кои се позитивни на ковид е далеку помал. Имаме мал број на пациенти згрижени во ковид одделот. Со празниците стравуваме како ќе биде, очекуваме да има пациенти и сме подготвени да пружиме лекарска помош, вели д-р Ковачевска Шавревска.

Лекарите од Специјализираната болница за нефрологија во Струга велат дека подготвени се и за справување со евентуален наплив на пациенти со новиот сој омикрон.

Имаме посебна сала, изолирана за ковид позитивни пациенти со 10 дијализни апарати, тоа се фактички 20 пациенти на дијализа во еден ден. Најмногу во ист момент сме имале околу 15 пациенти, сега сме подобри, но не смееме да се олабавуваме. Новите соеви на вирусот уште побрзо се шират и опасноста нè демне сите , вели д-р Александар Попоски, супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

д-р Александар Попоски, супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга Фото Вистиномер

Бранкица Размоска (26) од Вевчани е една од пациентите на хемодијализа која заболела од коронавирусот лани во август. Ковид-19 ја врзал во болнички кревет еден месец.

На моја кожа ја почуствував силата и последиците на овој страшен вирус. Цел месец бев позитивна ми беше многу тешко. Примав инфузии, лекарства, дијализа…. Им верувам на лекарите, тие со години се грижат за моето здравје, се вакцинирав и ревакцинирав, а во јануари ќе примам и трета доза.Чекам да поминат 6 месеци од вакцинацијата, вели за „Вистиномер“ Размоска.

Бранкица Размоска пациент на дијализа Фото: Вистиномер

Тешките форми на болеста и лошиот исход се главно асоцирани со стареењето и присуството на одредени медицински коморбидитети, посебно хроничните болести и затоа за овие пациенти клучна е вакцинацијата, велат и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари .

Една од мета-анализите составена од 18 студии која го компарираше придонесот на коморбидитетите кај пациенти заболени со ковид и степенот на клиничка манифестација, укажа дека хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) како еден од испитаните коморбидитети е асоцирана со тешка форма на основната болест. По ХОББ, следат кардиоваскуларните, малигните и цереброваскуларните заболувања, но не изостануваат и хипертензијата, дијабетот и хроничната бубрежна болест, како причина за развивање на тежок степен на клиничка слика кај пациентите со ковид-19. Затоа од исклучителна важност е овие лица да бидат вакцинирани меѓу првите, како што впрочем и беа повикани. Но, не само за Sars CoV2, туку и за сезонскиот грип, бидејќи самите последици предизвикани од овие вируси (кои се асоцирани со пролонгирани хоспитализации, па се до фатални последици), се причина за зголемен товар на здравствениот систем, вели за „Вистиномер“ д-р Марио Јованоски од Асоцијацијата специјализанти и млади лекари.

Извор: Мета.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ