Виетнамските власти формираа ново воено кибер-одделение со 10.000 луѓе во негов состав. Тие имаат за цел акции против „погрешни погледи“ на интернет, јавија локални медиуми.
„Одделот 47 веќе дејствува во неколку сектори. Секој час, секоја минута и секунда треба да сме подготвени за борба против погрешните погледи“, изјави генералот Чонг Хгиа, заменик-началник во виетнамската армија.
Во Виетнам државата засилено набљудува социјални мрежи на интернет заради отстранување содржини оквалификувани од нив како несоодветни.
Бројноста на таа единица е речиси како и во Северна Кореја каде такво воено одделение има околу 6.000 луѓе.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.