• Latest

Визна либерализација и законски промени за поголеми ефекти во туризмот

April 2, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Визна либерализација и законски промени за поголеми ефекти во туризмот

April 2, 2018 13:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Визно либерализирање за привлекување  туристи  од дестинации од повеќе делови во светот, итни  промени во законите за туризам и  за угостителска дејност и носење стратегија за областа, бара Здружението за туризам и угостителство  при Стопанската комора на Македонија.

Со тоа, како што порачаа денеска на прес-конференција, ќе се искористат позитивните трендови во развојот на туризмот и интересот на странските туристи за Западен Балкан, но доколку Македонија не направи релаксирање на визниот режим ќе остане надвор од тие текови.

Здружението бара да се врати релиценцирањето на туристичките агенции, да се воведе банкарска гаранција како услов за давање лиценца,  а во законот да постои и осигурување на аранжмани.

– На пазарот се појавуваат странски туристички агенции кои исполнувајќи само минимални  услови кои сега важат на пазарот нанесуваат штета  во работењето непочитрувајчи ги сериозно зкаоните кои важат за сите туристички агенции на пазарот, рече  Даниела Михајловска Алексовска.

Во Законот за угостителска дејност алармираат на непостоењето категоризација на сите  угостителски објекти за ноќевање и непостоењето  на категоризација на сите ресторани односно угостителски објекти за исхрана.

– На пазарот постои категоризација на хотели, мотели и пансиони, но не и на апартмани, а тие се најбрзорастечката  форма на правни субјекти кои се појавија на пазарот и се нелојална конкуренција преку интернет порталите како букинг и дуги форми на продажба на аранжамни. Од над 1.200 ресторани на пазарот само 88 се категоризирани како национални, а сите други постојат во друга форма на поими кои не подлежат  на категоризација. За овие форми на ресторани дури и казнените одредби не се исти, укажа Михајловска Алексовска.

Како што оцени, на стартот на нова туристичка сезона туризмот почнува  повторно со истите пробеми како и минатата година и затоа е неопходно носење на стратегија за туризам, која веќе две години е во финална верзија, но не е усвоена.

Македонија на светската карта на туризмот учествува со помалку од 0,1 процент. Бројот на туристи минатата година во однос на 2016. е зголемен за 16,6 проценти, при што кај странските има пораст  од  23,5 проценти, а кај домашните од 6,3 проценти. Во тој период е зголемен бројот на ноќевања за 12, 8 проценти.

Најмногу туристи има од Турција, по што следат Србија, Грција, Бугарија , Холандија.. Девизниот приход од туризмот минатата година изнесувал 326,9 милиони долари. Учеството на туризмот во Бруто домашниот производ изнесува 2,2 процента.


извор: МИА

Tags: визна либерализацијатуризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ