Започна отстранувањето на железната ограда пред Владата, одлука која Владата ја донесе на последната седница одржана завчера.
Според Владата, целта е да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.
[envira-gallery id=”91385″]
Портпаролот Миле Бошњаковски денеска изјави дека за остранувањето на железната ограда нема да бидат искористени парите на граѓаните.
„За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата“, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој додаде дека бетонските столбови во моментот нема да се острануваат, бидејќи тоа ќе чини премногу.
Владејачката партија, уште кога беше во опозиција, пред повеќе од две ипол години, ветуваше дека ќе ја тргне оградата, но и дека ќе преземе чекори за отстранување на последиците од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ кој чинеше околу една милијарда евра. Да се надеваме дека отвореноста на физичкиот простор околу владината зграда ќе значи и поголема транспарентност и одговорност на целата Влада.
Текст и фотографија: Ангела Петровска