• Latest

Владата донесе одлуки за престој на вооружени сили на САД во државава и испраќање на припадници на Армијата за учество на вежби во Турција и Унгарија

April 9, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Владата донесе одлуки за престој на вооружени сили на САД во државава и испраќање на припадници на Армијата за учество на вежби во Турција и Унгарија

April 9, 2024 22:42
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница донесе три одлуки кои се однесуваат за престој на вооружените сили на САД за Европа на територијата на државава, испраќање на припадници на Армијата за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција и на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија.

Како што соопштуваат од прес-центарот на Владата, на седницата Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради реализација на вежбата „Swift Response 24“ и донесе ваква Одлука.

– Вежбата, според информацијата од ресорното министерство, е во целосна организација на Вооружените сили на САД за Европа, а ќе се реализира од 24 април до 29 мај 2024 година на Армискиот полигон Криволак. На вежбата е предвидено учество на припадници од Вооружените сили на САД за Европа, со опрема, вооружување, воени и цивилни моторни возила, воздухоплови, беспилотни летала и други материјално – технички средства и изведба на падобрански скокови, одделенски и водни боеви гаѓања, стои во соопштението од прес-центарот.

Како што дополнуваат на седницата се донела одлука и за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција, во организација на Вооружените сили на Република Турција, а којашто се очекува да допринесе да се надградат стекнатите знаења и да се добијат дополнителни знаења и искуства во доменот на планирање НАТО операции во мултинационална средина.

Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија. Вежбата, според образложеното, е во организација на NATO Medical Centre of Excelence и на неа, покрај припадници од НАТО членките, е предвидено учество и на претставници од партнерски земји на НАТО Алијансата. Вежбата, како што е посочено, ќе овозможи подобрување на интероперабилноста на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во давање медицинска поддршка при извршување заеднички мултинационални операции

Tags: Влада на Република Северна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ