Министерствата за правда и за финансии ќе доставуват номинации за членови на Работна група за изготвување на Стратегијата
На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата на Министерството за внатрешни работи, за потребата од изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување.
„Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, Владата ги задолжи Министерство за правда и Министерство за финансии (Управа за јавни приходи, Царинска управа, Управа за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување“, се наведува во соопштението на Владата.
Граѓан(к)ите на социјалните мрежи често потенцираат дека пресметката со криминалот во Македонија мора да се заокружи со конфискација на противправно стекнатиот имот на енормно збогатените криминалци, со што барем малку би биле санирани последиците од децениското нефункционирање на правната држава, блокирана со партизираното МВР и „Сваровски – судството“