„Владата е подготвена да ги спроведе сите суштински реформи, меѓутоа опозицијата ги малтретира граѓаните“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, „Колку Владата е подготвена да ги спроведе суштинските реформи?“.
Друг, пак, со поинакви размислувања: „Каква е оваа влада, најголемите лопови. Државата и името го продаваат и што да очекуваш од нив. Ги интересира само пари. Претходната влада видете што изгради, а оваа влада ништо не направи иако веќе година дена се на власт“, вели еден од анкетираните граѓани.
Еден граѓанин изјави дека најголемиот проблем е поделеноста и неслогата меѓу граѓаните, особено меѓу Македонците. „Постои неслога меѓу Македонците, а оваа ситуација е многу лоша, вие младите најмногу ќе ја почувствувате“, вели тој.
Помладите граѓани и граѓанки не сакаа да зборуваат пред камера. „Не сакам да зборувам за политика“, децидно одговори една граѓанка.
Ангела Петровска
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска