Владата на Република Грција, предводена од Алексис Ципрас, вечерва со 151 глас „за“ ја доби довербата од парламентот.
За доверба гласаа 145 пратеници од СИРИЗА, четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци. Против доверба на владата беа сите пратеници од опозицискит партии -Нова демократија, Движење на промена, Златна зора, Река, Сојуз на централисти и Комунистичката партија на Грција.
По добиената доверба од парламентот, се очекува гласањето на пратениците за ратификација на Договорот од Преспа.
Д. Т.