Зоран Заев како дел од програмата на неговата и на посетата на вицепремиерите Шекеринска и Османи на СР Германија, денеска во Берлин имаше средба со претставници на Германската комора за индустрија и трговија предводена од заменик директорот на комората, д-р Волкер Трејер.
На средбата двете страни изразија големо задоволство од досегашните економски врски меѓу Македонија и Германија, како и од добрите политички релации и од тие причини се очекува нивно натамошно охрабрување и подобрување.
Претставниците на германската комора ги понудија своите капацитети како линк меѓу можностите за инвестирање во Македонија и германските компании со кои соработуваат и истакнаа дека сакаат да го поддржат процесот на зачленување на Република Македонија во Европската Унија.
На средбата се разговараше и за концептите за развој на средно стручно образование за кои во Македонија се заинтересирани германските компании со цел да се зајакне капацитетот на стручните кадри со фокус на создавање квалитетни механичари и механик-електроничари.
Како особено важна се потенцираше и врската меѓу теоријата и практиката која има за цел да произведе стручен кадар што ни е потребен на нашата, но и на германската економија.