• Latest

Власта ги „брка“ рибарите од Преспа!

February 22, 2016

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Власта ги „брка“ рибарите од Преспа!

February 22, 2016 14:21
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Концесијата за вршење стопански риболов во Преспанско Езеро, не е направена во консултација со рибарите од Преспа, и не одговара на вистинските потреби на населението во овој регион, тврдат жителите од неколку преспански села, со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа, а кои сакаат да останат анонимни.

Според нив, повеќе точки од концесијата која му е доделена на Наумче Ставрески од “ВОЛФ” ДОО експорт-импорт Ресен, се проблематични и спротивни со интересите на рибарите.

За годишна дозвола за ловење риба, концесионерот на рибарите им наплаќа 800 евра. На овој начин, рибарите се дел од рибарското здружение, и потпишуваат договор во кој е наведено дека им се обезбедува чамец, риболовен прибор (мрежи…), но реалноста е сосема поинаква. Според изјавите на жителите во Преспа, сé што е потребно за риболов, е на трошок на самите рибари. „Концесионерот, не вложува ништо за подобрување на условите на рибарите кои како дел од рибарското здружение, се единствените кои имаат право да се занимаваат со рибарска дејност. Рибите се откупуваат во напуштени шупи, се транспортираат со стари коли – ‘Рено 4’, и се чуваат во пластични гајби”, вели еден од нашите соговорници.

253564_198177806895820_6703889_n

За 800 евра годишно, рибарите се времено осигурани за 2 часа дневно, но и тоа си го плаќаат самите. Месечната плата која им следува, концесионерот им ја исплаќа преку откупување на рибата која тие ја ловат. Вкупното количество на уловена риба, рибарите се обврзани да му го предаваат на концесионерот, по многу ниска цена, од 15 до 120 денари по килограм, зависно од видот на рибата. Уловената риба, понатаму концесионерот ја продава по повисока цена, од 60 до 300 денари. Но, и според ваквите услови, кои воопшто не се поволни за рибарите, тие мораат целата уловена риба да му ја предадат на концесионерот, зашто, во спротивно ќе бидат исклучени од здружението. Поради тоа, здружението од 27 рибари минатата година, сега брои 16.

“Помалку рибари – за полесно да се контролираат, а концесионерот нема доволно капацитет да ја продава целата риба која ја откупува. Поради тоа постојано се бркаат рибари од здружението”, вели еден рибарите со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа.

Апсурдот продолжува со изјава на концесионерот, дека здружението е во загуба од 17.000 евра.  Изворот на ЦИВИЛ, кој сакаше да остане анонимен, направи пресметка, за приливот и трошоците на концесионерот.

“87 тони риба, како што изјави концесионерот Ставрески, беа откупени минатата година. Доколку таа риба се продава по средна најниска цена од 2 евра, тоа се 174.000 евра. Од годишна чланарина (27 рибари по 800 евра) добива 21.600 евра. За заштита на Преспанското Езеро, во мај од државата доби 15.000 евра или вкупно 210.600 евра. Од оваа сума, 24.000 евра изнесува годишната концесија. За откуп на 87 тони риба, кои се откупени по средна највисока цена од 1 евро – 87.000 евра. Годишна плата за 2 чувари, 6.000 евра. Без непредвидени трошоци, на концесионерот му остануваат 93.600 евра годишно. А тој пријавува загуба од 17.000 евра”.

Спротивно на ова, “87.000 евра кои ги добиваат рибарите за продадените 87 тони риба, кога ќе се поделат на 27 рибари, за секој од нив остануваат 3.200 евра. Од нив, концесионерот им задржува и средства за осигурување и ДДВ за продадената риба. А оние 1.000 евра колку што во просек, чини риболовниот прибор, и 400 евра за гориво, се на нивен трошок. На крај, за рибарот остануваат помалку од 1.000 евра годишно. Единствена причина поради која рибарите ги прифаќаат овие услови, е затоа што успеваат да прокриумчарат дел од уловените риби, и да ги продаваат.”

Жителите од Преспа се револтирани затоа што рибата е единствен извор на дополнителни средства, кои државата преку концесијата им го ускратува, со цел да профитираат само определен број на луѓе. Нашите соговорници прашуваат како Владата планира да ги развива руралните средини, кога секој извор на егзистенција им го укинува. Затоа, бараат да се спроведе концесионерски систем како во Албанија и во Грција, каде рибарите плаќаат определена сума на државата, за да можат да ловат риби, која ја продаваат каде сакаат. На овој начин се развива туризам во сите населени места покрај езерото во овие две држави, каде што има голем избор на риби во угостителските објекти, што не е случај и во Преспа, каде нема ни еден угостителски објект кој служи риба и добро работи.

“Нема индустриска зона, нема фабрика, нема културен живот, јаболката се продаваат за многу ниска цена, еве сега, ни се одзема и езерото, кое е заедничко природно богатство, па прашуваме зошто да живееме тука? Зошто да не се иселиме во градовите, или надвор од Македонија, и на тој начин да го продолжиме трендот на постојано намалување на бројот на жители? Ако порано во еден клас во училиштето во село Љубојно имаше 30 ученици, денес вкупниот број на ученици од шесто до девето одделение е 60”, загрижени и гневни посочуваат нашите соговорници, преспанци.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: концесијаПреспаПреспанско Езерорибаририболов
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ