• Latest

Власта и опозицијата со спротивставени ставови за зголемување на платите

August 27, 2024
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Власта и опозицијата со спротивставени ставови за зголемување на платите

August 27, 2024 08:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта и опозицијата со спротивставени ставови околу барањата на синдикатите за зголемување на платите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да разговара со синдикатите и дека поголеми плати ќе има тогаш кога за тоа ќе има услови, додека за лидерот на опозицијата Венко Филипче, барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците, а власта не знае како да ги исполни овие барања.

Сојузот на синдикати на Македонија уште пред парламентарните избори најави дека од новата Влада ќе бара во првите 100 дена зголемување на минималната плата на 450 евра.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на 21 овој месец на прес-конференција рече дека во минималната плата во земјава е најниска во регионот и дека е неопходно зголемување на минималецот во износ од најмалку 450 евра посочувајќи дека синдикалната минимална кошничка од декември е зголемена за 4.600 денари, а инфлацијата во првите шест месеци е 3,65 отсто, објави МИА.

 

– Додека ние разговараме дали треба да се зголеми минималецот во Македонија, државите од регионот го зголемуваат со забрзано темпо, па така, реперот Црна Гора, каде што имаше 450 евра минимална плата, во наредниот период ќе има 600 евра плата за вработените со основно и средно образование, додека за вработените со високо образование до 800 евра минимална плата. Во Бугарија минималната плата изнесува 500 евра, нашите колешки и колеги од Србија преговараат за 500 евра минимална плата и сметаме дека не смееме да си дозволиме како општество, како држава, како работници, како синдикати, да дозволиме нашите работници да бидат најниско платени и повторно Македонија да биде елдорадо како 2008 година за странски компании кои сакаат да го експлоатираат македонскиот работник, посочи Трендафилов.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека со ребалансот на Буџетот се предвидени сите покачувања и усогласувања што претходно биле усогласени со синдикалните организации, а со буџетот за следната година, како Влада се подготвени да разговараат со синдикатите и да најдат решенија.

– Јас сум прв кој ќе поддржи нешто за кое што има основа, нешто за кое што навистина е потребно да се поддржи. Ве молам за трпение, заедно ќе седнеме и ќе најдеме решение, рече Мицкоски, кој  повтори дека се јавува сомнеж дека зад барањата за зголемување на платите има многу повеќе политика, отколку барања за работниците.

 

Ако објективно ги гледате пораките што во јавноста се присутни, рече Мицкоски, ќе видите дека по претседателот на Синдикатот реагира претседателот на СДСМ и тоа дава една доза на сомнеж.

– Јас не велам дека тие се координирани, но чудно е како утринските соопштенија од СДСМ кореспондираат со ставовите на претседателот на Синдикалната организација, која што патем речено имаше можност кога беше СДСМ движечка партија во Владата да потпише колективен договор, па потоа видовме како на отворена сцена беше изигран, рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, пак, вчера во изјава дадена во Струмица, рече дека барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците, а не од СДСМ и дека премиерот тоа треба добро го знае.

– Освен што тоа треба добро го знае, треба да знае како да испланира за да ги зголеми платите на работниците, а не да продолжи со политика од едно минато време, минато владеење на ВМРО ДПМНЕ, кога Северна Македонија беше рај за евтина работна сила, рече Филипче, додавајќи дека СДСМ во време на три последователни кризи успеале да ги зголемат платите.

Според Филипче, поврзувањето на барањата на синдикатот со опозицијата е навреда и понижување за сите работници и обид да се дефокусира јавноста од, како што рече, огромните скандали што и се случуваат на Владата од самиот почеток на работењето.

 

 

Tags: властминимална платаопозицијасиндикат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ