• Latest

Власта не го исполни ветувањето: Ливадиште без мост, демне опасност од поплави

September 6, 2016
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Власта не го исполни ветувањето: Ливадиште без мост, демне опасност од поплави

September 6, 2016 13:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Свети Николе и околината беа зафатени од поројни дождови ноќта меѓу 6 и 7 февруари 2015 година. Реките се излеаја и предизвикаа големи штети. Надојдените води од реките Мадровица и Периш урнаа мост стар десет години во светиниколската населба Ливадиште, во која живеат педесетина семејства.

Мост 1

Ливадиште

Урнатиот мост ги отсече жителите од оваа населба. Тоа беше повод за екпсресна реакција на централната власт и локалната самоуправа. Во критичната ноќ, локалната самоуправа и армијата поставија вреќи песок и го спречија излевањето на реката Периш, но надојдените води го урнаа мостот во Ливадиште.

Следниот ден, Министерот за здравство Никола Тодоров ја посети локацијата и вети дека владата ќе изгради нов мост.

Мост 2

Ливадиште (привремено решение)

Проблемот со урнатиот мост е актуелизиран и во Собранието на Република Македонија.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе, Благица Ласовска, постави и пратеничко прашање до Владата на Република Македонија во врска со санацијата на овој мост.

“Првото мое прашање е поврзано со  неодамнешните поплави и конкретното прашање е дали Владата, односно кризниот штаб за поплавените подрачја има предвидено санација на срушениот мост во Свети Николе, во населба Ливадиште, кој се сруши за време на поплавите?“, е дел од  првото прашање кое Ласовска го постави на 26 март 2015 година.

„Сакам да потенцирам дека Владата уште од првиот ден, кога се случија поплавите па сѐ до денешен ден има многу сериозен пристап кон ова прашање да се надоместат земјоделците и селаните во делот на земјоделските посеви и имотот кои што настрадаа со поплавите… Како и да е, најзначајно е дека селаните и земјоделците нема да бидат оставени сами ниту во делот на надомест на штета што е за нивните посеви, земјоделски површини и имот во куќите, ниту пак во делот на изградбата на локалната инфраструктура во сите сегменти“, одговори Ставрески, како тогашен министер за финансии.

Од тогаш, единствените активности за санација на штетата е само поставувањето на земјен слој врз искривениот и изместен мост, односно истиот ниту е отстранет, ниту пак се преземни некакви мерки за изградба на нов, како што вети Тодоров.

Мост 5

Извор: Граѓански новинар

Најавите дека следните дождови жителите на светиниколската населба Ливадиште ќе ги дочкаат со нов мост не се остварија. По помината една година и еден месец, обилните дождови, на 10ти март оваа година повторно го зафатија Свети Николе и предизвикаа зголемување на дотокот на реката Периш  и целосно рушење на мостот.

Дека мостот ниту е тргнат, ниту дека постојат градежни зафати за правење на нов мост, кој им беше ветен на педесетина семејства од населбата Ливадиште од страна на власта, зборува и фотографијата направена на крајот на јули 2016 година.

Мост 6

Ливадиште, јули 2016 година

Наспроти ветувањата, ситуацијата на местото е ужасна. Целосно уништен мост, пропаднат и обраснат во трева, стои како препрека во речното корито на реката Периш, со потенцијална опасност при евентуални и помали дождови да предизвика повторно поплавување на куќите од населбата.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со секретарот на Општина Свети Николе, Трајче Коцев, кој потврди дека санација на мостот не е дел од активностите на локалната самоуправа за наредниот период. „Не можам да ве лажам, мостот нема да се санира. Доколку сакате да ве лажеме, разговарајте со градоначалникот. Градоначалникот вели дека нема пари за тоа“, ни одговори Коцев. ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие одговор и од градоначалникот Зоран Тасев, но како што нѐ инфорираа од неговиот кабинет, неделава е надвор од државата.

Стојанче Манев, граѓански новинар


Оваа содржина се објавува во рамките на августовскиотciviv-lenses-logo-en-copy-500x414 циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објективна ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

Tags: ветувањеГрадоначалникМакедонијаМОСТпоплаваСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ