• Latest
Добро утро со Орданоски

Власта треба да се заслужи, а не само да се наследи

December 3, 2019

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Власта треба да се заслужи, а не само да се наследи

„Шири, шири, весели пешкири“, „Ринге ринге јаја“, се вртат во кругот на слепата улица на политиката во која речиси за НИШТО се нема јасен и недвосмислен, па макар и политички ризичен став. Колку проникливо! Бидејќи, кога се нема јасен став за ништо, не може ни да се погреши нeшто!

December 3, 2019 07:25
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Делува непристојно и невкусно ова туркање на лидерот на опозицијата, во последен момент, во првите редови на новопечени и агилни НАТО поддржувачи. Сега, ОТКАКО знамето на Северна Македонија, практично, се дигна на јарбол на самитот во Лондон, навистина е срамота тој да се промовира самиот себеси за многу загрижен околу брзината со која треба собраниски да се ратификува договорот за влез на нашата земја во Алијансата. А сите знаеме (особено протераните пратеници од неговата партија) какви беа ставовите, а и активностите на опозицијата за (не)постигнувањето на Преспанскиот договор со кој, фактички, се овозможи влезот на Македонија во НАТО.

Слична демагогија лидерот на опозицијата практикува и за Договорот со Бугарија – „тази дупка не е дупка“, Договорот е лош и предавнички, ама ние ќе поддржиме сè што е добро во него.

Исто беше и за референдумот: јавно не повикуваме на бојкот, ама „тајно“, на начин сите – од Меркел во Берлин, до Трпе во Подмочани – да разберат дека правиме сè што можеме тој да се бојкотира.

Двојните стандарди се очигледни и за трошоците на државните функционери – „Уаааа, СДСМ се крадци, дрпатори и клептомани!“, ама ВМРО се наплатило двојно и тројно повеќе…

Така е и за Уставниот суд и аболицијата – ние (ВМРО) сме против аболиција на криминалот на нашите функционери, ама ќе направиме сè таа да помине, оти ќе ја условиме со тоа аболицирани функционери да не можат активно да се занимаваат со политика, а го повикуваме и Груевски да се врати во земјава за да се соочи со правдата, иако ако причека уште малку и аболиција ќе дочека, па после законски ќе го пречекаме за заедно да прославиме…

И така натаму. „Шири, шири, весели пешкири“, „Ринге ринге јаја“, се вртат во кругот на слепата улица на политиката во која речиси за НИШТО се нема јасен и недвосмислен, па макар и политички ризичен став. Колку проникливо! Бидејќи, кога се нема јасен став за ништо, не може ни да се погреши нeшто!

Но, не може ни да се погоди ништо. Таквата политика е реактивна, задрта, здодевно цинична, се добива впечаток дека само критикува, дека не е за ништо, а е против сè, дека само тера сеир и фаќа кусур. Сето тоа уште и „завртено“ во центрифугата на нивниот пропаганден апарат кој сè уште функционира подмачкано и под команда, па од политичкото ништо се создава пропагандно НИШТО, исто толку празно, само многу поголемо.

Во речиси сите директни дебатни конфронтации со власта, аргументите на опозицијата се послаби, понеубедливи, понекогаш непостоечки. Само од нивната партиска говорница делуваат супериорно и самоубедено.

Додуша, целата оваа ситуација е резултат и на начинот со кој ВМРО-ДПМНЕ падна од власт. Тие и денеска не се чувствуваат поразени, туку, некако, изиграни, од СДСМ, од „шарените“, од ДУИ, од странците… Бараат реванш за изборите во 2016, под исти услови и правила и во 2020: оваа власт да падне под притисок на скандали и афери! Не да ја заслужат, туку да ја наследат. Без голем ризик.

Можеби така и ќе се случи. Но, ако не се случи, тогаш тие заминуваат во историјата, прилично неславно, без да понудат функционални алтернативи за најголем дел од проблемите произведени во нивно време, со кои се справува сегашната власт. Голем број од граѓаните се незадоволни, а опозицијата упорно не им нуди опција за која би гласале.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ