• Latest
Љубиша Николовски

ВМРО-ДПМНЕ да си ја преиспита каузата, „за младите да не бараат друга, во други држави“

January 26, 2023
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО-ДПМНЕ да си ја преиспита каузата, „за младите да не бараат друга, во други држави“

January 26, 2023 16:15
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубиша Николовски

Љубиша Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Седат на маса Бугарин, кој подолго време живее во Македонија и „бугараш“ (од)роден Македонец и прават муабет. Бугаринот си зборува на македонски јазик, а бугарашот се мачи да му одговара на бугарски!

Ете тоа е нашата заедничка трагедија, на Македонија и на Бугарија. За Бугарските власти не се битни „ас“ Бугарите, туку овие другите. Зошто, затоа што своите си ги сметаат за сигурни, ама на овие другите треба да им се зголеми бројот.

Би се зачудил ако Бугаринот, од примерот погоре, беше претепан или ако имаше некои поголем здравствен проблем, дека бугарските власти со авион ќе го префрлеа на лекување во Софија.

Оваа привремена Влада во Бугарија очигледно си се одомаќи во политичкиот вакуум во кој годиниве политичките партии таму не можат да се соземат и да формираат саглам владино мнозинство, што ќе ја утврди патеката по која оваа европска држава ќе чекори понатаму.

Додека политичките партии во Бугарија земаат залет за уште едни предвремени избори, сега „главна фаца“ во државата е претседателот Румен Радев,  а со улогата на министер за надворешни работи се соживеа и „техничкиот“ Николај Милков. (Во Бугарија изгледа оваа функција е со таква намена да продуцира говор на омраза.) Зад него се редат и разни други типови, како Џамбаски и компанија, кои не можат да се ослободат од тоа да делат лекции по историја што ја стекнале во основно училиште.

Не знам како ќе заврши оваа хистерија што сега ја шират овие државни и парадржавни субјекти во Бугарија, но со сигурност може да се каже дека и кај нас се разбудија „заспаните елементи“ со бугарско чувство, кои до вчера јуришаа на Собранието во заштита на македонштината, меѓу кои и натепаниот Христијан Пендиков, обвинувајќи ја Владата за предавство и попуштање пред бугарската агресивна политика на негирање на македонскиот идентитет.

Се прашувам сега како со „вакви“ Бугари во Бугарија и со вакви „бугараши“ во сопствените редови, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди, или ќе обезбедеше подобар Договор за добрососедство и со поприфатлива преговарачка рамка и од кого ќе бара гаранции дека нема веќе да имаме проблеми во текот на преговарачкиот процес!

Оттаму власта не смее да дозволи навидум „споредни“ играчи да и ја водат државата, туку да преземе мерки против сите што сакаат да ја урнат, барем оние од внатре, онака како што САД ги ставаат непожелните на црна листа, следејќи го текот на парите.

Не смееше да дозволи „кој стигне“ да регистрира здружение кое има за цел да шири омраза по национална основа и да разгорува меѓу-национална нетрпеливост, без разлика кое име го имаат тие здруженија. Мора да се види од каде доаѓаат тие пари, кој ги финансира, кој овде ги прима и со каква намера. Тоа е работа на двете служби за безбедност на државата.

Не е доволно со години само „да констатираш“ дека има елементи на влијание од надвор. Ако постојат сознанија веројатно има и начини како тие да се пресретнат да не завршат онаму каде што завршуваат. А оние кои ги преземале тие  пари или идеологии да завршат онаму каде им е место.

Она што ВМРО-ДПМНЕ треба прво да го направи е да си ја редефинира својата идеолошка матрица, што попат ја изгуби и да види кој од своите симпатизери потоа ќе ја следи.

На почетоците на владеењето на Груевски, еден млад македонски професор по филозофија успеа ВМРО-ДПМНЕ да ја инаугурира во Демохристијанска партија. Давајќи и соодветна идеологија, со демохристијански вредности, тој и даде и смисла на постоење на партијата. Но набргу потоа братучедите бргу ја трансформираа партијата во приватно командитно друштво со кое водеа бизниси ширум Република Македонија.  Откако Фирмата отиде во стечај, а газдите се кој во затвор кој во егзил, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, или она што остана од него го презема Христијан Мицковски кој обидувајќи се да спаси што можеше да се спаси, се соочи со конгломерат на такви хетерогени социолошки и етно-политички структури кои не можеш да ги собереш на купче, а камо ли да ги упасираш во еден правец.

На андерграунд политичката и општествена сцена се појавија бугарашките остатоци од времето на Љубчо Георгиевски, тврдите националистички групации што ги потхрануваше Груевски, локал-патриотски криминогени структури, толерирани од локалната заедница поради тоа што „сме си наши“. Носот го кренаа и делови од бизнис елитата укопани во разно-разни комори; потоа глас пушти администрација што ја хранеше Груевски по митинзи, а која се преполни по принципот на „донеси уште осуммина да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“; незадоволни се и пензионерите кои беа среќни на времето што им се покачила платата за сто денари; орото го водат и новинари родени и пре-платени во времето на Груевски и т.н. Сите тие имаат свои интереси и сфаќања за демократијата, за тоа како треба да се води државата, и што е највважно сите се идентификуваат со ВМРО како што тие го разбираат.

Е, тешко е да ги држиш под контрола сите овие појавни форми на граѓанство без единствена идеологија, затоа што си ги „маткал“ со децении и си ги оставал да си замислуваат што  сè претставува ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа сега станува опасно, зашто се чини дека никој од раководството не ги има заузадано ваквите поединци и групи кои можеби се одметнале незадоволни од сегашното водство, па не е чудо и да се поддале на странски служби.

Но уште поважно е дали раководството на паријата ВМРО-ДПМНЕ, е намерно инволвирано во создавањето на клубовите, здруженијата и конфликтите,  сè за една иста цел, да не ја биде Македонија ако тие не се на власт. Но тоа е истата историска мисија и на Бугарија, Македонија да постои само како втора бугарска држава во која живее еден иста народ-бугарскиот.

Доколку тоа не е така, водството на партијата има обврска да се огради од своите бивши и сегашни членови кои преку ноќ стануваат Бугари или пак им е сугерирано да се кажат Бугари од интерес, кој може да биде и економски но и политичко-безбедносен, а не дека „незадоволни од тоа што Македонија била поразена како држава и како кауза, си го барале чарето во други држави и други каузи“.

Ако е така како што вели Чилиманов, ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да си ја преиспита својата кауза.

А власта ако сака да владее или ќе ја води државата како што треба, или други ќе ја водат.

Извор: Фронтлајн

Tags: бугарашиБугаријаВМРО - ДПМНЕкаузаМакедонијаНикола ГруевскиХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ