ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови 19 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. На денешната прес конференција, потпретседателот Владо Мисајловски ги објави имињата на кандидатите на опозициската партија за неколку општини. Повторно изостана името на кадидатот за градоначалник на Скопје.
Листата на кандидати за претстојните локални избори е следна: Тони Михајловски за Куманово, Александар Стојковски за Ѓорче Петров, Дарко Костовски за Бутел, Жарко Ристески за Македонски Брод, Дејан Владев за Свети Николе, Димчо Атанасовски за Македонска Каменица, Елеонора Рашковска за Берово, Зоран Здравески за Чашка, Маријан Миленковски за Пробиштип, Миле Петков за Виница, Александар Китански за Пехчево, Бошко Цветковски за Лозово, Виктор Паунов за Карбинци , Далибор Ангелов за Чешиново – Облешево, Коста Маневски за Зелениково, Никола Најдовски за Демир Хисар, Мевдед Џафери за Маврово Ростуше и Кирил Пецаков за Охрид.
Со новата листа, опозициската партија досега има објавено вкупно 44 кандидати за градоначалници, останува енигма името на кандидатот за градоначалник на Скопје.