• Latest

ВМРО ДПМНЕ со кривична, Џафери не чувствува одговорност

January 15, 2019

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ со кривична, Џафери не чувствува одговорност

January 15, 2019 14:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека објавувањето на Законот за јазици и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Талат Џафери е противуставно. Тие ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и против директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Од партијата бараат Уставниот суд да пресече и да оцени дали објавувањето на законот за јазици е согласно Уставот и повикуваат на бојкот на законот.

Реакција пристигна и од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов.

“Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни.

Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.

Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.

Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?

Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?”, стои во соопштението на Иванов.

Претседателот на Собранието на Република Македонија на денешната прес-конференција за Указот за Законот за употреба на јазици и Указ за Законот за ратификација на Преспанскиот договор,  нагласи дека и двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од негова страна.

„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот. Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска”, одговори Џафери на прашањето од новинар за тоа дали чувстува одговорност и дали смета дека го прекршил Уставот.

Овие реакции се по синоќешното објавување на Законот за јазици и Законот за ратификација на Конечната спогодба, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните.

Ј. М. П.

Tags: „Службен весник“ВМРО - ДПМНЕЃорѓе Ивановзакон за јазициМартин КостовскиТалат Џафери
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ