• Latest

ВМРО-ДПМНЕ во кремљовски манир: Постојано создавање гласачи кои не знаат каде одат и што ги очекува на крајот од патот

August 24, 2023

Македонската претседателка во мисија за спас на океаните

June 8, 2025

СДСМ обвинува дека е набавен „софтвер за шпионажа“, МВР демантира – тоа се дезинформации

June 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Маткање

June 8, 2025
Фото: скриншот Х

(ВИДЕО) Застрелан колумбискиот кандидат за претседател Мигел Урибе на митинг во Богота

June 8, 2025
Немири во Лос Анџелес, 6-7 јуни 2025 (screenshor, ABC News)

(ВИДЕО) Трамп ја испрати Националната гарда против демонстрантите во Лос Анџелес

June 8, 2025

Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури

June 8, 2025
Фото: Фејсбук на вицепремиерот Николоски

Има работа за тој што сака да работи: Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација, Ван Даме

June 8, 2025

Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови

June 8, 2025
Вучиќ - Путин, 23 јуни 2020 (Wikimedia Commons)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ во кремљовски манир: Постојано создавање гласачи кои не знаат каде одат и што ги очекува на крајот од патот

Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ создаде од гласачите еден вид на следбеници - месечари. Живеејќи под закрила на пост-вистината, тие еден ден ќе се разбудат во реалноста која никако нема да им се допадне, ама не ќе можат да извршат корекција. Нивната улога ќе биде завршена, а демократијата брзо ќе се преобрази во – режим!

August 24, 2023 13:11
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Деновиве на Месечината се струполи сателитот од семејството „Луна“ на руските научници. Неуспехот на екс-советскиот вселенски програм секако се должи на замената на некогашната московска пропагандна програма која идеолошката трка со Западот ја базираше на факти дека Истокот „секој ден во секој поглед напредува“ а нема ништо поочигледно од она што ви лета над главата и преку радио сигналите можевте да го слушнете и во дневната соба како ја отчукува едноставната порака „так-так-так…“

Новата пропаганда од Москва има многу пософистицирана програма, зад која стојат и експерти и армиите извршители што ги користатат сопствените алатки за да размоножуваат „вистината“ заради  некоја цел.

Русите – слаби на фронтот, силни во интригите

Како што пишува деновиве еден од најдобрите познавачи на кремљовската пропаганда – новинарот Георги Лозанов „Русија може и да ја изгуби војната во Украина, ама ќе ја добие во Бугарија“, а ние би можеле да додадеме „и во Македонија“.

Имено, ако се продолжи со политичката нестабилност во Бугарија, сѐ повеќе ќе расте популарноста на партијата „Преродба“ на Костадинов, па на следните избори бугарските гласачи можат да издејствуваат кабинет кој ќе го формира најголемиот русофил во државата (добро, после Радев).

БРЗО ЗАБОРАВЕНИ ИДОЛИ Груевски преку ноќ го смени идентитетскиот код на народот и немаше отпор, за тоа ново читање на историјата да се истроши, исто така – за миг

Кај нас таа функција на замрзнувач на состојбите ја презеде своевремено Груевски, кога под шаторот на западните сили се одвиваа разговори за разрешувања на спорот со Грција и кој со митот за античките Македонци како наши предци (2009 г.) успеа да стави неостик на нашите асоцијативни капацитети.

Ова, од аспект на интересот на Путин беше полн погодок: инвестициите во солунскиот ПАОК и неговите навивачи преку еден некогашен чувар во руска фабрика за цигари (Иван Савидис), кој со позajмени пари (750 милиони долари) стана сопственик на солунскиот клуб, земјата доби навивачко стампедо што подигнуваше на нозе милиони протестанти!

САВИДИС Монструм на руската пропаганда контра Македонија – Савидис (во средината) со позајмени пари создаде армија на антимакедонисти во Солун

Фактот што нашата земја влезе во НАТО, секако стана голем неуспех на Москва, иако е јасно дека надворешни прсти имаше и во обидот за недавање на власта после изборите во декември 2016 година (крвавиот четврток), обидот за одземање на мнозинство на власта со врбување на пратеници од мали партии, како и заканите со ладни зими и радијатори си имаа путиновска арома. Или недавањето на увоз на руски вакцини (во услови кога истите и немаа успех на меѓународниот пазар), а секако беше спротивно и на елементарната хуманитарност, што покажа дека нашиот влез во Алијансата Путин ја доживува и како личен пораз! Но, да минеме на некои видени практики на пропагандата која помина од „Спутник“ и Гагарин на некои поприземни работи.

Пумпање на антагонизмите

Руската пропаганда најпрвин ги подбуцнува внатрешните немири, преку пумпање на антагонизмите кон „инаквите“, најчесто странците. Додека во земјите на Источна Европа тоа се прави со создавање на „соодветна атмосфера“ кон бегалците од Украина (за децата бегалци имало места во градинките во Софија, а за локалните деца нема – еден чест стереотип), кај нас омразата се активираше во однос на бегалците од Блискиот исток.

Имено, иако војната во Сирија беше иницијална каписла за бегството на десетици и десетици милиони граѓани на оваа земја, своја вина несомнено има и присуството на руски воени единици на теренот (едно од најголемите злосторства е комплетната девастација на вториот по големи град во Сирија – Алепо, дело на генералот Суровикин), многу структури јавно ја обвинуваа власта дека гради цели населби за прием на бегалците и тоа во населбата Сарај, што секако се покажа како невистина: тоа беа станови наменети за наши социјални случаи.

Зошто пак Сарај? Во муабет со некои таксисти на темата за „инаквите и валканите“ ми се укажуваше како на патник дека изградбата на станови за Сиријците е дел од „омразата на рисјаните кон муслиманите“, бидејќи дојденците се туркаат во „нивниот Сарај“. Секогаш рускиот фактор во своето ширење на нестабилноста ја етаблира потребата на острење на меѓуетничките односи.

Споменатиот Савирис, односно неговите навивачи, секако опстојуваат во јаросување на омраза на солунчани кон македонизмот, додека од друга страна, Путин се пријавува на јавната сцена како човек кој укажува дека Климент и Наум, како создавачи на кирилицата, потекнуваат од Македонија. Колкумина од тие навивачи од Солун на Иван Савирис беа во толпата што го нападна градоначалникот Јанис Бутарис, кој даде придонес во затоплување на односите меѓу неговиот град и Скопје!? По овој немил настан, Бутарис одби да се кандидира повторно за лидерското место во локалната управа.

Агресивноста која се шири преку активирање на противречности во руската пропагандна активност е од нестереотипен модел.

И за и против вакцините, зависи од целта

Од анализата објавена во стручното списание на Американската асоцијација за јавно здравство (American Journal of Public Health – AJPH), може да се разбере како ботовите и руските тролови на Твитер промовираат содржини за здравјето преку Интернет. При ова истражување направена е споредба на собрани твитови кои идентификувани ботови ги објавиле на Интернет од јули 2014 до септември 2017 година. Тимот научници од универзитетите Џорџ Вашингтон, Мериленд и Џонс Хопкинс спровел статистичка анализа на содржините кои се промовирани преку хаштагови на Твитер поврзана со руската трол-активност, како поларизирачкиот #VaccinateUS.

АМЕРИКАНСКА АНАЛИЗА Кремљовската пропаганда создаваше антиваксерска хистерија ширум светот, не нѐ одмина и нас

Анализата на хаштаговите кои ги користеле руските тролови покажува дека нивните пораки биле повеќе политички и со цел да предизвикаат поделби во американското општеството. Дел од ваквите мрежи за дистрибуирање антивакцински пораки се и ботовите за кои е утврдено дека шират малициозен софтвер и други несакани содржини за кои се смета дека тоа не го прават од идеолошки, туку од комерцијални причини – добивање кликови.

Од друга страна, утврдената примарна намера на руските тролови е промовирање раздор. Поинаку речено – руските тролови по ова прашање не настојуваат секогаш да бидат толку на страна на антиваксерите, туку ја промовираат логичката грешка наречена погрешна еквивалентност и така го уништуваат јавниот консензус за вакцинацијата.

Погрешна еквивалентност (false equivalence) е логичка грешка при која се наметнува еднаквост на важност на два става или појави кои инаку не се споредливи.

Имено, американските аналитичари за време на Ковид епидемијата, забележаа дека во атмосферата дали народот треба масовно да се вакцинира или не, пропагаторите настојувале да има помагаат на послабите, условно земено. Ако, да речеме, во Вајоминг преовладува јавното мислење дека вакцинацијата треба да е обврзувачка, ќе се помагаат антиваксерите во пласирање на нивните ставови. Ако, на пример, во Јута преовладува ставот на антиваксерите, ќе се „туркаат напред“ оние кои бараат масовно вакцинирање! Целта е да постои кавга, да постои силна поделеност во општеството.

Имитации во време на пандемијата

ВМРО-ДПМНЕ како најмоќна опозициона политичка сила, да се потсетиме на нивните имитации на погоре кажаното, во услови кога имавме епидемија во земјава, одеше секогаш контра чекорите што ги преземаше власта. Полицискиот час се кршеше лично од претседателот на партијата Мицкоски. Тој два пати посети теретани (еднаш и со присуство наш висок полициски функционер, за да не биде попатно сопрен на патот до теретаната). Потоа, во една кафеана во т.н. боемскиот кварт кај Општина Центар, кога новинарите го фатија in flagranti како го крши полицискиот час. Тогаш, келнерите пробаа дури и да срушат ѕид за да му овозможат на Мицковски да побегне без да се соочи со пресот!

Мицкоски јавно демонстрираше недисциплина во спроведувањето на мерките кои имаа за цел избегнување контакти меѓу населението во точно определени периоди! Како да ги повикуваше граѓаните кон кршење на правилата на вонредната ситуација. Или – ги повикуваше да се разболат и во голем број случаи да умрат. Бескрупулозно, нели?

Генерално, руската методика во пропагандата, која се совпаѓа со она што кај нас го прави ВМРО-ДПМНЕ е да се прават контра чекори за да се намалува успехот кој може да се припише како добро владеење на политичкиот противник. Во време на големата експанзија на популарноста на министерот за здравство Филипче, тој беше напаѓан дека не обезбедил вакцини, за потоа кога тие пристигнаа, не забележавме активност на оваа партија и опозицијата во целина да ја пропагираат вакцинацијата.

Напротив, претседателката на Здружението на матични лекари, инаку велешанка, прва се истопори да каже дека нема да се вакцинира и потоа не се симна од малите екрани како експерт за било кој здравствен проблем, како награда, белким, а истата е активист на ВМРО-ДПМНЕ. Само како илустрација. Не видовме оградување од ваквиот настап на здравствен работник.

Антиваксери во секоја прилика, па и против „бугарскиот предлог“

Ние генерално и кај вакцинацијата постојано имавме пропаганда на антиваксерите во било каква прилика за протест, макар и со десеттина луѓе пред Владата. Дел од истите ги забележавме и кога беа оние жестоки протести против „бугарскиот предлог“ повторно пред Владата и Парламентот со многу повредени полицајци.

Што има врска антиваксерството со една класична политичка опозициона жестокост, ќе речете. Има, бидејќи едно од строгите руски правила гласи дека не смее да се дозволи „ослободување од жестокоста и насилството“ како принцип на кој треба да се одржува високата температура во општеството, констатира споменатиот аналитичар Георги Лозанов.

Па зарем не гледате што се случува во оваа земја после изборите во декември 2016 година, од т.н. „ноќ на долгите ножеви“ (според зборовите на фамозната Валентина Божиновска, која мина неказнето), па сè до последните протести на пензионерите кои се одржуваат по секоја цена, иако е очевидно дека истите не наидоа на поддршка меѓу оваа социјална структура.

НЕМА НИТУ ДЕСЕТМИНА Протести мора да има, да се одржува жестокоста и антагонизмите во општеството – повеќе млади од возрасни учесници

По неколкуте денови без протести, одново се врши политичка пресија тие да продолжат, а единствени кои се постојани асистенти во тие настани се нашите медиуми, одново со папочна врска со Шампитата.

Ако треба и со десет пензионери, ќе се блокира сообраќајот на некоја важна сообраќајница ама треба да има врева и нервоза. Само високите температура (и проблематичните здравствени состојби на староста) не се совпаѓаат со планерите на социјалното незадоволство, но тие драматурзи, се гледа, немаат милост!

Живот во општество на пост-вистината

Би можеле да одиме многу во детали и разработки на руската стратегија во политичката пропаганда против европските интеграции, а секако и против НАТО како стратешки сојуз. Ние сме постојани жртви на истата кремљовска школа, преку домашни демонстратори. Крајната цел е секако една длабоко антидемократска прагма – македонските граѓани да живеат постојано во општество на пост-вистината.

Да се потсетиме. По изборот на збор на годината во 2016 година Оксфордските речници решија да го прифатат овој збор – „пост-вистина“. Истиот беше актуелизиран во контекст на Брегзит и претседателската трка во САД. Целосното име е „политика на пост-вистината“ како термин кој означува таква политичка (не)култура во која дебатите се базираат не врз факти и конкретни политички ставови, туку врз реторика која удира на чувствата.

Обично се нагласува дека пост-вистината не е исто што и лажењето – вистината во ваквиот вид водење политика е едноставно од секундарно значење. За разлика од други кованици со „пост“, која означува време по одреден настан, овде „пост“ повеќе значи „време во кое одреден концепт загубил на значење или станал нерелевантен“.

Една од стратегиите на „политика на пост-вистината“ е упорно повторување на некоја поента, иако таа се покажала како невистинита.

„Политиката на пост-вистината“ е термин кој означува таква политичка (не)култура во која дебатите се базираат, не врз факти и конкретни политички ставови, туку врз реторика која удира на чувствата. Ова не е исто што и лажењето – вистината во ваквиот вид водење политика е, едноставно, од секундарно значење. За разлика од други кованици со „пост“, која означува време по одреден настан, овде „пост“ повеќе значи „време во кое одреден концепт загубил на значење или станал ирелевантен“.

Како „бугарски диктат“ стана ирелевантен збор

Последните настани поврзани за блокада на нашите евроинтеграции од страна на Мицкоски и екипата е израз на токму таквата политика. Имено, постојано се повторуваше од страна на споменатиот десничарски круг и тоа со недели и месеци, па и со години наназад, дека македонскиот народ треба да се соочи со „бугарски диктат“ и да не го прифати преку практично одбивање на европскиот план за отпочнување на преговорите. Нагласокот е дека е бугарски (значи даден од еден наш „архи-непријател“), но и дека е во форма на диктат, претставува условување!

Кога Брисел јасно кажа дека тоа не е бугарски диктат туку негов, европски план и дека е поставен во стилот „земи или остави“ (последен пат пред некој ден на собирот на врвните европски политичари во Атина), Мицкоски ја сврте реториката. Тој сега говори за тоа дека „тој и партијата“ не прифаќаат притисок од – Европска Унија!

Значи, притиснат до ѕид, пред јавноста и можните сили против него, тој покажува (признава) која е вистината за „матичниот број“ на предлогот. Во контекст на пост-вистината, тој ја претвора истата (вистината) во ирелевантна позиција. После толку време, рефренот „бугарски диктат“ станува истовремено и длабока невистина ама и станува – условно – ирелевантен за оние кои ја користеа до бесконечност. Или така се чинеше до почетокот на неделата!

ИМА МОТОРИКА, НЕМА СВЕСТ Маса народ зад „најнародната партија“ ги следи оние кои „мислат за нив“, сѐ додека еден ден не се разбудат во нечиј ќорсокак

Јавноста секако е измамена. Не можам да не се сетам и на нашите колеги кои толку силно говореа преку медиумите против тој предлог, како тој да е вистинит, имајќи клучна улога во оваа пропаганда. Се чувствуваат ли тие измамени? Имаат ли нешто да ѝ кажат на измамената јавност сега? Ќе се посипаат ли со пепел?

Да не заборавиме дека оваа пропаганда која ја наоѓаме и во Кремљ и во Шампитата е како да се произведуваат политички месечари (сомнамбулисти) од гласачите. Преку перфидноста на методите, ќе ги водите своите гласачи, несвесни до одбивањето на предлогот („бугарскиот ултиматум“), за тие еден ден да се разбудат во сосема нова и неочекувана стварност – режим. Сигурно е дека многумина ќе речат дека не мислеле дека последиците ќе бидат тие. Мислеле ли тие воопшто?


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕпост-вистинаруска пропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ