По изјавата на премиерот Зоран Заев дека веќе двајца владини членови се под истрага за корупција, со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение до јавноста се вели дека токму оваа изјава ја потврдува директната врска меѓу СДСМ и јавното обвинителство како механизам за дисциплинирање, закана и уцена.
„Имено, постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало нити би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган, но со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев во суштина е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и тотално незаконски“се вели во соопштението.
Како што велат од партијата со ова се врши директно загрозување на функционирањето на правниот систем, а дополнителен доказ е начинот на СДСМ за организирање, легитимирање и легитимирање и легализирање на изборите.
„Сето ова е театар во кој Заев аболиран за криминалот во Глобал од 8.5 милиони евра, човек против кој се одолговлекува судски случај за барање на мито од 200 илјади евра, и кој во Струмица на своите фирми, и фирмите на своите братучеди и блиски им делеше милионски тендери, сака да се престави како лажен борец за правда.
Бидејќи веќе и јавно не се крие спрегата помеѓу обвинителство и СДСМ, го повикуваме Заев јавно да ги објави осомничените криминалци од неговата влада“ се вели во соопштението.