• Latest

ВМРО фрли крпа во „рингот“: Барањето правда ја нокаутира лагата, и покрај заканите и сендвичите!

April 16, 2016

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ВМРО фрли крпа во „рингот“: Барањето правда ја нокаутира лагата, и покрај заканите и сендвичите!

April 16, 2016 22:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Десетиците илјади граѓан(к)и на Македонија и вчеравечер и вечерва ги наполнија скопксите улици и плоштади со децидно барање за судење и затворање на накотените криминалци, за оставка на претседателот Ѓорге Иванов кој по наредба (на оние кои го катапултираа – ни виновен ни должен – во фотелјата која значи моќ, и во македонскиот случај, не подразбира ни минимум обрски или отчет) или, можеби и по крајно шокантната за јавноста, негова, сопствена одлука (конечно, да се изјасни по незамисливото седумгодишно молчење), „ничим изазван“, избра да се спротивстави на барањето на граѓаните на Македонија за враќање на забаталената правната држава и да им послужи како алатка на луѓето кои за  помалку од една деценија, ја вратија Македонија речиси, еден век наназад.

На улицата пред седиштето на СДСМ, денес немаше диригирани патриоти (од ГДОМ ли,од ГРОМ ли, од било која до срж партизирана државна институција, да рецитираат наизуст научени рецитации, со кои се борат за некое евренце или за платена функција…), всушност, немаше толпи буџетари и административци, оти им се разбегаа на наредбодавачите, најверојатно…, оти беше сабота. Силувањето на граѓаните – доживеа технички нокаут!

12961607_1090510194335321_318657628689222476_n
Протести 16.4.2016

За разлика од јавашлакот и долгата рака на власта, која вулгарно се втурнува во џебовите на граѓаните – 24/7, „патриотизмот“ на исплашените сендвич-демонстранти на ВМРО-ДПМНЕ, изгледа трае само од понеделник до петок, кога уцените, рекетирањето, заканите…, може да ги примораат сите граѓани од внатрешноста, кои се уште се плашат да не останат и без платичката од се попразниот државен трезор, па се тормозат со часови во автобуси, за да изедат студен сендвич (од некој демохристијански тендер-„патриот“, соработник на власта), за да одглумат протест и за да се вратат премалени дома, за локалните кметови да им докажат на чаушите на централно ниво, во престолнината – дека „Цело Скопје“ било „вмровски град“…

Ама тоа, „цело Скопје“ беше пред СЈО, пред Собранието, пред Владата, на Камени мост, на скопските улици, каде бараше  слобода и правда!

Tags: VMROконтра протестиПротестиПротестирам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ