• Latest

ВМРО Народна повикува на бојкот на „екс-Ју музичари“, НСДП бара од владата да ги заштитат граѓаните од скапотијата, СДСМ алармира за еколошка катастрофа од поскапувањето на парното, Мицкоски очекува анализи од инспекторите на терен

February 1, 2025
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ВМРО Народна повикува на бојкот на „екс-Ју музичари“, НСДП бара од владата да ги заштитат граѓаните од скапотијата, СДСМ алармира за еколошка катастрофа од поскапувањето на парното, Мицкоски очекува анализи од инспекторите на терен

February 1, 2025 14:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бојкот на продавниците поради високите цени на производите, поскапување на парното греење, низок стандард на граѓаните на Република Северна Македонија – владата најавува мерки, цените се зголемуваат, а дел од политичките партии бараат од власта да најде начин да се заштитат граѓаните од притисокот од се повисоките цени.

Новина во барањата е предлогот на ВМРО- Народна за бојкот на музичари од поранешна Југославија, за чии настапи кај нас, цените се движат околу 30.000 евра.

Економската комисија на ВМРО-Народна партија направи длабока анализа и притоа констатира дека во послендната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали, гласи соопштението на ВМРО-Народна.

Така на пример само за настап во дискотека на група или пејач поединец од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи, со што на тој начин македонскиот потрошувач не само што ќе заштеди лично повеќе средства туку и ќе и помогне на македонската музика, а и на македонската економија во целина, се наведува во соопштението.

Од НСДП пак преку соопштение бараат од Владата наместо да се приклучуваат на граѓанскиот бојкот заради големата скапотија, да ги донесат неопходните мерки за да ги заштитат граѓаните и нивниот стандард, затоа што се повеќе семејства многу тешко опстануваат од први до први.

Скапоплатените советници во Владата очигледно не ја чувствуваат скапотијата, а ако не знаат кои мерки треба да ги предложат за да помогнат на граѓаните, нека ги разгледаат мерките со кои претходната влада успешно се справуваше со енергетската и економската криза и успешно се справи со кризата за снабдување со топллинска енергија во главниот град.

Исто така, НСДП бара Владата да не седи по страна, туку да биде медијатор помеѓу синдикатите и работодавачите и да поддржи покачување на минималната плата за да се помогне на работниците со најниски плати кои оваа скапотија најтешко ја поднесуваат.

Владата предводена од Мицкоски не е способна да ги менаџира состојбите во енергетскиот сектор иако формираа Министерство за енргетика, за кое најавуваа дека директно ќе ја следи работата на ЕСМ, посочија од НСДП.

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето.

Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти.

Премиерот и лидер на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска, еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност, и најави повеќе детали за анализите од понеделник.

Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ