На прашањето на ЦИВИЛ Медиа поставено на денешната прес конференција до министерот за здравство Венко Филипче, околу понудената помош од студентите по медицина, дел од политичките партии и невладиниот сектор, тој одговори дека мора да се биде претпазлив.
„Во делот на третманот, анализата и интервјуата на пациентите на потенцијално заболените, или луѓе коишто можеби биле во контакт со заболени, порака е луѓето да седат на страна од нив. Без разлика за каква хуманитарна или друга организација станува збор, затоа што тука се има соодветен терк на пристапување. Тука има заштитна облека, заштитни материјали и има еден алгоритам и прашалник по којшто се водат.
Се останато коешто се однесува на помош, на пример, на луѓето коишто се со хронични болести, коишто се надвор од оваа ризична и критична популација од населението може да се спроведуваат такви акции. Но, она што директно се однесува до пациентите до нивните примарни контакти и луѓето коишто се во самоизолација вакви активности не би требало да бидат земени предвид“, истакна Филипче.