Властите во Швајцарија соопштија дека бројот на нелегалните мигранти кои влегле во земјата минатата година, е намален за речиси половина во споредба со рекордниот прилив во 2016 година.
Федералната царинска управа соопшти дека граничната полиција минатата година идентификувала 27.300 лица кои незаконски престојувале во Швајцарија. Во 2016 година, нивниот број изнесувал речиси 49.000 лица.
Според Меѓународната организација за миграција, минатата година од Либија во Италија дошле околу 119.000 мигранти. Ова е главната маршрута што ја користат мигрантите кои влегуваат во Швајцарија, веројатно со цел да продолжат понатаму на север, додаде ИОМ.
Во 2016 година оваа бројка изнесувала 179.000 мигранти.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.