• Latest

Во јавните набавки за Дигиталниот самит нема ништо противзаконски

April 11, 2018

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во јавните набавки за Дигиталниот самит нема ништо противзаконски

April 11, 2018 15:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во постапката за јавна набавка за техничка реализација на Дигиталниот Самит, нема ништо спротивно на Законот за јавни набавки, тврди Министерството за информатичко општество и администрација.

„Конечната одлука за форматот на Дигиталниот самит кој претставува обврска од Повеќегодишниот акциски план за регионална економска соработка на земјите од Западен Балкан, се донесе на 2 март на состанок на Управниот одбор за организација на Самитот, кој се одржа во Берлин, Германија“, се вели во реакцијата од МИОА на обвинувањата за јавната набавка за Дигиталниот самит.

Оттаму велат дека одлуките поврзани со форматот на самитот и потребниот буџет произлегле од заклучоците на овој состанок.

За ова МИОА ја информирало и Владата на Република Македонија, за што доставило информација што била усвоена на педесет и осмата владина седница одржана на 13 март годинава.

„Во вкупната сума предвидена за техничката реализација на самитот, вклучени се 50.000 евра од Советот за регионална соработка со седиште во Сараево (РЦЦ), 5.000 евра од Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), а остатокот од 190.000 евра се дел од Буџетот на МИОА за 2018-та година“, велат од Министерството.

Согласно ова, за спроведување на јавната набавка, потребно било претходно да се потпише договор со РЦЦ (14 март 2018) и ГИЗ (30 март 2018). Дополнително, било потребно да се склучи меморандум за соработка и договор со Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, каде се организираат дел од настаните.

„Согласно законот за јавните набавки овие постапки во најкратки рокови траат 34 дена. Поради тоа не може да се примени рокот за спроведување на отворена постапка за јавна набавка, ниту пак за ограничена постапка. За жал работевме во екстремно кратки рокови кои не зависеа од нас. Ова беше единствен начин, Македонија да биде домаќин на еден од најголемите регионални настани за оваа година. Македонија повеќе не е изолирана земја, туку се стреми кон што е можно поголема поврзаност со своите соседи и градење на добрососедски односи Дигиталниот Самиот претставува единствена можност за да се зголеми дигиталното поврзување и соработка во ИТ сферата помеѓу земјите од регионот и ЕУ“, се вели во реакцијата од МИОА.

Заклучоците и дефинираните активности кои ќе произлезат од Дигиталниот Самит, додаваат оттаму, се од особено значење за економскиот развој на Македонија и остварување на заедничката цел, а тоа е влез во ЕУ.


Извор: МИА

Tags: влададигитален речникЗакон за јавни набавкиМИОАпротизаконреализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ