• Latest
Добро утро со Орданоски

Во Белизе е прогласен ден на жалост

October 16, 2017

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во Белизе е прогласен ден на жалост

October 16, 2017 08:13
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]е сум сигурен, додека го пишувам овој текст, што ќе покажат финалните пребројувања на гласовите од првиот круг на локалните избори, но сосема е можно Али Ахмети и ДУИ, старите другарчиња на Фамилијата, да препорачале воздржано гласање за Шилегов во Скопје за, ако се оди на втор круг на гласање во главниот град, да го приволат СДСМ да ги поддржи во вторите кругови кандидатите на ДУИ во Гостивар, Тетово, Струга, Чаир и тн. Со тоа, за збогум-со-здравје, за недела-две му ја продолжуваат вештачки индуцираната политичка кома во која се наоѓа Груевски, иако неговиот личен и партиски пораз на овие избори се недвосмислени и убедливи.

Застанат зад партиската говорница во пустите хали на партискиот мавзолеј, тој вчера доцна вечерта за влакно избегна инфаркт, а меѓу пелтечењето за нерегуларноста на изборите разбравме дека решил веднаш да не понуди оставка, туку да ја жилави уште малку со „бла-бла-бла анализи на резултатите“. Толкувањата се дека со одлагањето на тој чин (оставката, не инфарктот) сака да не ги дезавуира своите кандидати за вториот круг на гласање. Мене, пак, ми се чини дека би се случило токму спротивното: да поднесеше вчера оставка, тој нагло ќе ги зголемеше шансите на кандидатите на неговата партија во вториот круг на гласање, таму кај што ќе го има! Па, погледајте го бројот на неважечки гласови во Кисела Вода и Гази Баба, на пример, тие некогашни бастиони на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие неважечки ливчиња се гласачи на партијата на Груевски кои НЕ САКААТ да гласаат за него, па затоа и не гласаат за неговите кандидати. Вака, со продолжувањето на неговата прединфарктна политичка агонија, извесно е дека 90 отсто од дополнителните прегласувања ќе одат на контото на СДСМ.

„Времето на груевизмот во Република Македонија и во ВМРО-ДПМНЕ – заврши!“, објавија, со орен аплауз, реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ на својата вчерашна прес-конференција, луѓето кои несомнено „му пресудија“ на Груевски во неговата партија. Тоа е точната, завршна оценка за изминативе локални избори, дури и без разлика на тоа како ќе се одвива вториот круг на гласање. Да се потсетиме: со реформаторите тој не само што не сакаше да преговара, туку не сакаше ни да разговара! Сега веќе и не мора, а и не може. Спектакуларна е серијата на погрешни проценки што ги направи во последните две-три години.

Груевски својски се потруди да ни го загорчи животот, да нѐ истормози до крај, да нѐ тегне како на оние инквизиторки направи за растегнување на „неверниците“, за на крајот, после неколку долги и мачни години малтретирање, гласачите него конечно да го оптегнат, колку што е долг и широк, за да му стават јасно и масовно до знаење дека им е доста и од него и од Фамилијата!

Штета, „Новата ера“ заврши пред и да започне, а сигурен сум дека Грујо имаше уште толку многу свежи идеи и иновативни историски проекти кои Македонија никогаш повеќе нема да има можност да ги спроведе со народни пари. Во Белизе денеска е прогласен ден на жалост, од утре ги очекува рецесија.

Патем, со Грујо, од македонската политика засекогаш заминуваат и такви политички грдотии како Стевчо Јакимовски, Амди Бајрам, Јохан Тарчуловски и слични, тие навреди за секој пристоен морал и граѓанска интелигенција, кои моравме да ги трпиме со години. Повеќето од нив, сосема е можно, ако не и речиси сигурно, од сферата на политиката веќе месецов да се преселат во црните хроники на нашата правна држава, а со нив ќе одат и екипите од нивни „подржкоњови“ со кои испокрадоа стотици милиони народни пари. Слушам, на некои од нив судските предмети веќе им се спакувани, со панделки.

Со ова се става точка на оваа фаза од политичката судбина на Македонија. Сега нѐ очекуваат крупни реформи во секоја област на оваа запуштена земја. Добро е, сега се отвора и патот, од тука натаму, малку подетално да се занимаваме со СДСМ. Оти, како што знаете, тоа е една супер добра и прекрасна партија која сигурно нема да ве разочара со своето владеење во наредните години…

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ