Во Брисел денеска почна судски процес против единствениот преживеан од нападите во ноември 2015 во Париз, терористот Салах Абдеслам.
Во текот на ноќта терористот беше пренесен од затвор во близина на Париз и со полициски конвој префрлен во Белгија, јави БТА.
Брисел е под засилени мерски за безбедност заради стравување од нов напад додека трае судскиот процес во главниот град на Белгија.
За сега не е прецизирано дали Абдеслан ќе зборува пред судот. Процесот ќе трае четири дена и е поврзан со престрелка во Брисел по нападите во Париз. Абдеслам успеа да се врати во Брисел по нападите во Париз и се криеше повеќе од три месеци.
При пролициска проверка тој и негови сооучесници пукаа врз полицијата.
Претстои судски процес и во Франција каде Абдеслам е обвинет за учество во нападите во Париз.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.