Берлинската полиција одзеде голема количина оружје и муниција во четири рации, насочени во потрага по маж наводно поврзан со таканаречената Исламска држава.
Во денешното соопштение од полицијата се наведува дека во текот на изминатата ноќ е уапсен државјанин на Германија (40) од турско потекло.
Портпаролот на полицијата Винфрид Венцел рече дека при рацијата се пронајдени пиштоли, пушки и 20 до 30 кутии со муниција. Исто така посочи дека осомничениот посетувал џамии кои за власта биле од „посебен интерес“.
Портпаролката на Обвинителството Силке Бекер изјави дека осомничениот претходно бил осудуван за прекршување на законот за оружје и дека посетувал џамија која била под контрола на државната безбедност.
– Стана јасно дека осомничениот може да има исламска позадина и исламски врски, рече Бекер.
Рациите се покренати веднаш по истрагата, која почна во јуни.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.