• Latest

Во чиј интерес е проблемот со Избирачкиот список да (не) се реши?

August 19, 2018
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во чиј интерес е проблемот со Избирачкиот список да (не) се реши?

August 19, 2018 14:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминува рокот за јавен увид во Избирачкиот список за Референдумот на 30 септември. И повторно истата приказна. Спорни, фантомски, починати гласачи удобно сместени чекаат да дадат свој придонес и да ги поттурнат живите правилно да изберат.

Пишува: Биљана Јордановска

Затоа што за името се работи. 

Државната изборна комисија, ни крива ни должна, барем така мисли, отвори список со 1.805.707 гласачи. И ако се јавите кај нив да се побуните зошто ве нема во Избирачкиот список или кои се тие имиња и презимиња на ваша адреса кога никогаш ниту живееле таму, ниту пак некогаш сте слушнале за нив, сосема „легитимно“ ќе ви одговорат обратете се во МВР.

Како ќе завршите работа во МВР, зависи од системот. И ако системот вели дека починатите лица не се починати, дека вие всушност не постоите и дека тоа што не сте се запознале со фантомите е ваш пропуст, а не нивен, на денот на гласање не ви останува ништо друго освен да се борите за сопственото остварување на гласачкото право и цел ден да поминете во будно набљудување случајно да не се појават починатите или фантомите, па фино да се запознаете.

ДИК очекува промени во Избирачкиот список, но не драстични, па и не е многу загрижена дека некој на крај ќе ѝ замери за исходот од Референдумот.

ДИК и до сега лежерно ги прифаќаше тековите на изборните процеси, па затоа никогаш само заштитата на гласачкото право не  беше единствениот проблем.

Проблем беше обуката на ОИК и Избирачките одбори, проблем беше трошењето јавни пари, проблем беше и нетранспарентоста и целосното отсуство на членовите на ДИК во клучни моменти, како и нивната коруптивност. Проблем беше самата стурктура на ДИК, а ништо не упатува дека промените и во составот на ДИК  и во Изборниот законик, нешто ќе придонесат во интерес на граѓаните.

И наместо, граѓаните да излезат на избори или, во овој случај, на Референдум, како да тргнале на некоја свеченост, тие едно неделно попладне ќе поминат во крајниот обид да докажат дека постојат, дека ги има, дека не се умрени или измислени.

Пример, една граѓанка повторно треба да поминува низ истиот процес на губење нерви и убедување, затоа што еднаш избришаните фантоми на претходен изборен процес, повторно се вратиле назад на нејзина адреса? Како еден граѓанин да ги убеди дека неговите фантоми немаат потреба од дополнително фантомско друштво, а синот, жив здрав, прав да се наоѓа на друга адреса? Како друг граѓанин до сега немал никаков проблем, ама еве сега системот на МВР му вели: „Ти не постоиш, тоа со промените на имињата на улиците нема врска, тоа што имаш валидна лична карта издадена од нас, не докажува ништо, едноставно, не си умрен, ама не си ни жив, а нема ни докази дека некој ти го украл идентитетот…“

И проблемот и решението се во институциите. А, не е само МВР и не е само ДИК…

Нивната препорака останува граѓаните да им ја завршат работата, а граѓаните креваат раце од сѐ, лути и револтирани да водат постојано една иста битка на фронт на кој секогаш излегуваат како губитници. Бидејќи, во нивен интерес е да имаме добар Избирачки список и легитимни изборни процеси. Изгледа дека граѓаните се единствените во чиј интерес е да се реши овој долгогодишен проблем. 

А државата зависи од граѓаните, со тоа зависи од нивниот глас, од што всушност ќе зависи дали ќе го исполнат ветувањето што го дале – пат кон ЕУ и НАТО, со прифаќање на Спогодбата меѓу Македонија и Грција.

Тогаш, во чиј интерес е енормниот проблем со Избирачкиот список конечно да (не) се реши?

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: гласачиДИКизбирачки списокизборен процесизбориинтересправо на гласреферендумфантоми
Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ