„И прави црни листи режимот на светскиот тиранин. Што друго му е работа? И предупредува дека прави црни листи… Знаеме, не мораше да троши зборови да ни каже дека прави црни листи.
И знаеме дека е свесен: Стогодишната доктрина за водење „специјална војна“ со дезынформа́ция и маскировка веќе не функционира. И црните листи веќе одамна го немаат истиот ефект како во времето на Варша́вский догово́р.
Во денешно време, црната листа е список на сите што се борат, како што знаат и умеат, за слободата на Украина и на светот, но и за слободата на Русија. Слобода од тиранијата.“
Извадок од колумната „Црната листа на Лудакот“, од Џабир Дерала, објавено на 7 март 2022.