ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, денеска, со почеток во 13:30 часот. „Во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти за изборниот систем.
Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, за граѓанките и граѓаните. Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.
За ова, и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, ЦИВИЛ напиша и објави публикации на неколку илјади страници.
Настанот ќе трае најмногу 60 минути, и е одлична можност за пошироката публика да се запознае со резултатите од овој проект.
Овој настан е продолжение од серијата онлајн настани на ЦИВИЛ под заеднички назив „Во фокусот“. Серијата настани е дел од активностите на ЦИВИЛ што се поддржани од програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.