• Latest

Во фокусот на ЦИВИЛ: Нелегалното оружје и организираниот криминал

February 16, 2022
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Во фокусот на ЦИВИЛ: Нелегалното оружје и организираниот криминал

February 16, 2022 13:06
in КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е онлајн настанот на ЦИВИЛ во рамките на серијата настани “Во фокусот на ЦИВИЛ“, „Нелегалното оружје и организираниот криминал. Модератори на настанот се Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Фокусот на настанот  ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.

Нелегалното оружје и муниција претставуваат закана за безбедноста и сигурноста на граѓанките и граѓаните на било која земја. Како такво, нелегалното ширење на оружјето е закана за мирот, просперитетот и стабилноста државите.

Според Парламентарниот форум за МЛО, „неконтролираното МЛО е крупен дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал.“ Општо прифатен е фактот дека нелегалното оружје игра важна улога во организираниот криминал.

„Сѐ е поврзано. Нелегалната трговија со огнено оружје како гранка на подземните бизниси е секогаш „некаде таму“. Огненото оружје е таму за да ги „заштити производите“ на криминалните дејствија – луѓе, органи, дрога и сѐ што подразбира криминална активност. Оружјето е тука за да ги заштити сите фази на подземното производство или обработка, транзитот и испораката.“, вели Дерала.

Во процесот на интеграција на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан во Европска Унија најчесто како пречка се наведува политичката нестабилност и фрагилноста на демократските институции. Но подеднакво голема пречка за интеграциските процеси претставува и нелегалната трговија со дроги, оружје и луѓе, што е континуирана закана за безбедноста, не само на земјите од Западен Балкан, туку и за Европска Унија.

Балканот е главен канал за трговија со оружје во Западна Европа. Смртоносните ефекти од оваа трговија го обрнаа вниманието на светот кога, во 2015 година, џихадисти опремени со пушки од југословенската ера од Србија убија повеќе од 130 луѓе на улиците на Париз и во театарот Батаклан.

Во 2016 година, Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници (Фронтекс) извести за опасностите од шверцот на оружје од Балканот. Во извештајот се посочува дека набавката на пушки калашников и гранати станала полесна, особено бидејќи обемот на трговијата со оружје од Балканот е зголемен како резултат на миграциската криза.

ЦИВИЛ и борбата против распространувањето на нелегалното оружје

Дерала се осврна на искуството на организацијата во областа на контролата на оружјето и посочи неколку аспекти од работата.

„ЦИВИЛ – Центар за слобода има големо искуство во областа на контролата на оружјето. Организацијата, инаку формирана во 1999 година, е ветеран во оваа област, не само на национално ниво, туку и многу пошироко. Од водечка организација која промовираше мир и помирување за време на конфликтот во 2001 година и по него, со активната поддршка на Охридскиот рамковен договор, ЦИВИЛ прерасна во една од највлијателните организации за контрола на оружјето од повеќе суштински аспекти.

ЦИВИЛ се зачленува во Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (IANSA) уште во 2002 година, а една година подоцна (2003) и во глобалната коалиција Контрола на оружјето од 2003 година (Control Arms).

Организацијата спроведе над 20 успешни проекти во областа на контролата на оружјето, безбедноста и сигурноста, како и борбата против екстремизмот и радикализмот. Имаше важна улога во јакнењето на јавната свест пред и за време на операциите за собирање на нелегалното оружје во 2003 година.

Во 2004 година, ЦИВИЛ успешно лобираше кај тогашната влада да се воведе практиката да се уништува вишокот и запленетото оружје на 9 јули, Меѓународниот ден за уништување оружјето. Во тек е истражувањето на успехот на овие акции од 2004 година наваму. Со повеќе информации ќе излеземе кога ќе ги добиеме сите одговори од релевантните институции.

Едно од најголемите достигнувања на организацијата во оваа област е промоцијата и лобирањето за воведување на Договорот за трговија со оружје (ATT) во земјата во 2012 година. Во рамките на оваа кампања, ЦИВИЛ успеа да добие потписи од две третини од пратениците кои дадоа поддршка за усвојувањето на АТТ, што беше успех на глобално ниво. Набргу потоа, македонскиот парламент го ратификуваше АТТ.

ЦИВИЛ потпиша Меморандум за соработка со МВР во 2009 година, кој беше обновен во 2017 година.

Во периодот од 2013 до 2021 година, ЦИВИЛ спроведе голем број акции за јакнење на јавната свест против злоупотребата на оружјето, култот кон оружјето, славеничкото пукање. Понатаму, организацијата, со променлив интензитет, учествуваше и во глобалните кампањи против нелегалното оружје и регулирањето на трговијата и трансферите на оружје.

Искуството во областа на контролата на оружјето ѝ послужи на организацијата да работи и на специфични аспекти на борбата против екстремизмот и тероризмот, како и против организираниот криминал во земјата и во регионот.“, појаснува Дерала.

ЦИВИЛ неодамна го спроведе истражувачкиот проект „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд. Проектот се фокусираше на прибирање податоци за состојбите со контролата на оружјето, како и за врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал во земјата и во регионот.

На настанот стана збор и за родовиот (дис)баланс што се однесува на поседување, употреба и злоупотреба на малото оружје. Дијана Тахири – ЦИВИЛ подвлече дека најголем процент од домашното оружано насилство на глобално ниво се жени.

„Од секој чин на насилство со мало оружје, коешто најчесто е нелегално, многу луѓе се физички повредени, загрозени и/или трауматизирани. Најголем процент од жртвите на ова насилство се жени. Премногу често се заканувани, навредувани, напаѓани, повредувани и убиени од мажи кои користат мало оружје. Во контекст на пандемијата СОВИД-19, оваа состојба е влошена, како последица од вртоглавиот раст на продажбата на огнено оружје во многу делови од светот. Како резултат на здравствената и резултирачката социо-економска криза со која се соочи и се соочува светот, семејното насилство е зголемено со алармантна стапка. И со зголемување на нестабилноста и поларизацијата, работите ќе се влошат уште повеќе. Така што, мобилизацијата на жените е дефинитивно релевантна за контрола на малото оружје.

Огромното мнозинство на глобално огнено оружје, приближно 85 отсто од познатото оружје, припаѓа на цивилни сопственици, повеќе од 850 милиони од нив ширум светот. Цивилната сопственост е исто така најбрзо растечка на пазарот, бидејќи потрошувачите купуваат повеќе мало оружје, бидејќи поранешното воено оружје и оружјето за спроведување на законот постепено се префрла во рацете на цивилите. Само во САД, во изминатиот период се продадени уште 17 милиони парчиња мало оружје, паралелно со зголемената несигурност и тензии поради пандемијата, изборните кампањи и мобилизацијата против расизмот.

На глобално ниво, 50 отсто од жртвите се од семејно оружено насилство, од кои најголем дел се жени, додека 32 отсто од жртвите се од оружен конфликт, од кои повеќето се мажи.

Како пример, во Косово (не постојат точни статистики, барем не јавни), жените се се уште несоодветно заштитени од семејното насилство со закон. Во многу случаи, континуираното семејно насилство завршува со убиство од нелегално огнено оружје, и тоа од страна на интимен партнер- сопруг кон сопруга- партнерка. Органите на редот, односно полицијата најчесто не ги третира соодветно жените кои бараат законска помош, и неретко тоа насилство преминува во фатално, со оружје. Во голем дел од случаите кои стигнуваат до судските органи, предметите се влечат или се судат во корист на мажите, што веќе во Косово станува предмет на големи општествени превирања и свесност за што се бара одговорност од соодветните државни органи, за заштита, недискриминација и соодветен третман на жените жртви од семејно насилство коишто завршиле фатално.

Прашањето за оружјето во домот е суштински поврзано со поширокото прашање на разоружување. Од скоро 900 милиони мало оружје во светот денес, повеќе од 75% се во рацете на приватни лица – повеќето од нив мажи – и складирани во домовите. Многу е поверојатно да се користи пиштол во домот за заплашување или физичко повредување на членовите на семејството, отколку да бидат употребени против надворешен натрапник.“, вели Тахири.

Драган Мишев, Цивил, во рамко на настанот зборуваше за појавата „Славеничко пукање“ како посебен сегмент тесно поврзан со трговијата со нелегално орушје и организираниот криминал,

Една крајно негативна и ретроградна појава, тесно поврзана со трговијата, поседувањето и употребата на нелегалното оружје е Славеничкото пукање . За жал, оваа појава сеуште опстојува на овие простори, како остаток од некои минати времиња, одамна заборавени во повеќето цивилизирани земји. Тоа претставува сериозен ризик за безбедноста и здравјето на луѓето и секако е забрането со закон.

Бројни се жртвите од славеничкото пукање секоја година. Наместо прослава на некој настан – мртви и ранети, наместо радост – болници, полиција, судења, погреби.

Без разлика дали се пука на слави, свадби, родендени, раѓање на дете, или пак победа на омилената партија или кандидат на избори, има бројни  примери на трагични завршетоци, кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку славениците мислат дека го владејат оружјето, треба да се има на ум дека и најголемите професионалци грешат. Како што вели една стара поговорка, и празна пушка пука еднаш годишно.

Според законот за гравитација, секој куршум испукан во воздух мора да се врати на земјата. Колку што знам, овој закон се уште важи, и нема простор за негово заобиколување. Дупки во овој закон нема, остануваат само дупките од куршумите. И, во најголемиот број случаи, при ваквиот славеничкиот рафален изблик на радост се користи илегално оружје.

Како нуспроизвод на трговијата со илегално оружје се појави дури и „инвентивен бизнис“ со изнајмување на оружје за славеничко пукање, ткн. „rent a gun“. Овие „бизнисмени“, „претприемачи“ со цел арсенал од најразновидно оружје и муниција во багажникот, доаѓаат на местото на веселбата, и за одредена сума пари,  го изнајуваат оружјето на веселиот гостин за да може рафално да ја искаже својата радост. За последиците најчесто слушаме од билтенот на МВР, а жртвите најчесто се случајни минувачи од блиската околина, неретко познаници, комшии, роднини, пријатели.

ЦИВИЛ  во изминатите 17 години  континуирано ја следи оваа негаивна појава и ја алармира јавноста и институциите за теми и настани поврзани со контролата на оружјето и спроведува кампања за јакнење на јавната свест за надминување на култот кон оружјето и насилството во земјата, Секоја година, ЦИВИЛ излегува со серија препораки за контрола на оружјето.

Како што е кажано претходно, славеничкото пукање е забрането со закон и е дел од традиција која им припаѓа на минатите векови кога луѓето немале телефони и други комуникациски алатки. Тоа е примитивно, опасно и незаконско

Крајно време е засегнатите страни во доменот на општеството, институциите и Владата да преземат сериозни чекори за надминување на култот кон оружјето и другите проблеми поврзани со оружјето.

Контролата на оружјето не е само полициска задача, туку тоа е дел од долгорочни и сеопфатни мерки за справување со култот кон оружјето, шверцот со нелегалното оружје и неговата (зло)употреба, потенцираше Мишев.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ