Студенти и медицински работници денеска се судрија со полицијата за време на протести поради реформите на Владата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Протестот беше организиран пред болница во Роуен во Нормандија каде се очекува Макрон да посети одделение за болни деца.
Здравствените работници носат знамиња на синдикатите и транспаренти на кои пишува Пеколна болница, за да изразат револт поради намалувања во здравствениот систем.
Локалните студенти се придружија во протестите незадоволни поради плановите да се дозволи селекција на државните универзитети и други измени.
извор: МИА