• Latest

Во Грција протести во пресрет на очекуваниот разговор или средба Заев-Ципрас

June 7, 2018
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Грција протести во пресрет на очекуваниот разговор или средба Заев-Ципрас

June 7, 2018 09:19
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Грција вчера во 24 градови се одржаа протести против „грчкиот карактер на Македонија“, додека и Атина и Скопје се во исчекување на најавениот телефонски разговор или евентуална средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

И додека Грците протестираа, ниту во Скопје, ниту во Атина нема официјални потврди за тоа кога би можел да се воспостави контактот меѓу Заев и Ципрас, како натамошен чекор во процесот на преговорите, со кој ќе се потврди досега постигнатото и би се постигнал евентуален договор за името. 

На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа илјадници граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. Паралелните протести во 19:30 часот по локално време почнаа во 24 различни градови. Демонстрациите низ цела Грција, беа во мирна атмосфера, со исклучок на островот Крит, каде што се случи мал инцидент меѓу група анархисти и полицијата, при што беше повреден еден полицаец.

Македонската страна не дава официјални информации за тоа кога би се реализирал телефонскиот разговор или средбата меѓу двајцата премиери. 

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција не прецизира до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Не сакаше да даде ниту коментар на ФБ статусот на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. 

– Од дипломатски извори: четврток или петок (оваа недела) ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на Договорот за смена на името Република Македонија. Главен координатор за овој настан и потпишувањето е Бојан Маричиќ, советник во кабинетот на премиерот, е ФБ статусот, кој Милошоски го објави на својот профил.

– Имаме официјална прес-конференција во Владата на РМ. Не си дозволувале да коментираме неофицијални информации без разлика од какви извори доаѓаат, се додека немаат кредибилитет и легитимитет, рече Бошњаковски.

Премиерот Заев завчера изјави дека во прашање се денови кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу него и Ципрас и додаде дека во моментот се уште се создаваат околностите тоа да се случи.

Грчката страна тврди дека сме близу договор и оти на потег е Заев.

Заменик-министерот за надворешни работи Јанис Аманатидис  нагласи дека сме блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ.

Тој истакна дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна и е потребно време за да го разгледа договорот“.

Договорот е на околу 20 страници, а во него се споменати сите прашања: иредентизмот,  уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, како и временскиот рок во кој ќе се имплементира сет тоа. За ратификацијата и имплементацијата се предвидени конкретни чекор – ратификација во македонското Собрание, па референдум и уставни промени, а потоа зелено светло од грчкиот Парламент.

Според оценките на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, ако договорот се склучи набргу, во македонското Собрание ќе стигне следните седмици, референдумот веројатно би бил на есен, додека пак по референдумот, би се направиле уставни промени.

Лидерот на Река Страврос Теодоракис изрази оптимизам за решение, нагласувајќи дека во корист и на Грција е да се постигне договор, затоа што „треба сите сериозно да размислат дали можеби грчкото однесување го праќа Скопје во пакет кај Турците“.

Во врска со македонскиот јазик и македонскиот идентитет како дел од договорот, Теодоракис потсети дека „без да бидеме прашани, самоопределувањето е гарантирано право во Организацијата на обединетите нации“.

Во однос на тоа што треба да содржи договорот, Теодоракис вели дека за него е важно да не постојат иредентистички визии кон Грција од соседната земја, но и дека е „смешно Грците да се чувствуваат дека се под закана од Скопје“. 

Тој се осврна и на црковен апспект, велејќи дека вселенскиот патријарх Вартоломеј интензивно работи во позадина и е решен да го затвори прашањето со црквата на Скопје.

Првиот човек на централно-левичарската партија имал средба и разговор со Вартоломеј за време на посетата на Грција на вселенскиот патријарх, а една од темите било и прашањето со МПЦ.

А грчкиот архиепископ Јеронимос вчера пред почетокот на протестите рече дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести.

За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ нагласи дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести. (МИА)

Tags: ГрцијаимеМакедонијаочекувањаПротестиспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ