• Latest

Во Истанбул запалени знамиња на САД и на Израел

May 15, 2018

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Истанбул запалени знамиња на САД и на Израел

May 15, 2018 09:47
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од илјада лица се собраа вчера во Истанбул во знак на осуда поради одлуката на САД да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. 

Собраните, кои протестираа против смртоносните судири долж израелско-палестинската граница, ги запалија знамињата на САД и на Израел.

Ал Кудс (арапското има за Ерусалим) им припаѓа на муслиманите, пишуваше на транспарентите, кои ги носеа демонстрантите.  Тие извикуваа „Господ е голем“ и повикуваа на света војна и мачеништво.

Еден од говорниците ги нарече Американците „кучиња“, додека други луѓе извикуваа: „Ерусалим е наш, ќе биде наш“.

Собирот беше организиран од фондацијата за добротворни цели за давање помош ИХХ.

Турција жестоко ги критикуваше САД и Изреал поради преместувањето на Амбасадата, а турскиот премиер, Бинали Јилдирим ги критикуваше двете земји поради прославата по повод преместувањето на Амбасадата додека „невини и беспомошни Палестинци се мачат“.

Анкара вчера ги повлече амбасадорите од Вашингтон и од Тел Авив на консултации и прогласи тридневна жалост поради над 50  Палестинци, кои беа убиени на границата меѓу Израел и Газа.

Анкара го осуди „масакрот“ врз Палестинците, кој го извршија израелските сили за безбедност и наведе дека „регионалниот и глобалниот мир и стабилност нема да има се додека не се постигне трајно праведно решение за палестинското прашање”.

– Остро ја осудуваме одлуката на американската администрација да ја пресели својата Амбасада од Тел Авив во Ерусалим, со што го крши меѓународното право и сите релевантни резолуции на ОН. Повторуваме дека оваа акција е правно ништовна и неважечка”, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција остро ќе реагира на развојот на настаните во Појасот Газа.

– Ги повикавме нашите амбасадори од Вашингтон и од Тел Авив на консултации. Повикуваме на вонреден самит на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и се надевам дека в петок ќе се сретнеме во Еникипи (Истанбул). Исто така, предлагаме да се свика вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. Најавуваме тридневна национална жалост, изјави Ердоган за телевизијата НТВ за време на посетата на Велика Британија.

Ердоган го нарече Израел терористичка држава, а неговите акции против Палестинците – геноцид.

(МИА)

Tags: ИстанбулПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ