Според Државната изборна комисија (ДИК) на шестите по ред локални избори, имаат право на глас точно 1.814.644 граѓани, запишани во Избирачки список. По спроведените промени од јавниот увид, во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, на посебен список се 77.071 други гласачи, кои се на привремена работа или престој во странство, а 1.882 граѓани со право на глас се на издржување казна затвор или се во притвор. Девет гласачи се запишани како трајно иселени лица.
Гласањето за избор на градоначалници и нова локална власт, ќе биде спроведено на 3.480 избирачки места, во 80 општини и во Град Скопје. Граѓаните ќе гласаат на 15 октомври, а вториот изборен круг ќе биде закажан две недели подоцна, на 29 октомври.