Во градот Кремина во Луганската област, руската војска со артилериски оган од тенк, стрелаше во дом за стари лица, при што уби 56 лица. Веднаш по нападот, беа киднапирани 15 цивили, објави на Телеграм, началникот на Луганската регионална воена управа, Сергиј Гајдај.
„56 убиени во Кремина. На 11 март, руските окупатори пукаа од тенк врз дом за стари лица во Кремина. Цинично и намерно. Само поставија тенк, го ставија пред куќата и почнаа да пукаат“ – извести Гајдај.
Детали: Според Гајдај, 56 лица починале на лице место, а 15-те преживеани биле киднапирани од окупаторите и однесени на окупираната територија во Сватове во регионалниот геријатриски интернат. Сè уште е невозможно да се пријде до местото на трагедијата.
Известува: Ирина Балачук за Украинска правда