• Latest

Во нашето мултикултурно општество не треба да постојат термините „наши“ и „ваши“

June 2, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Во нашето мултикултурно општество не треба да постојат термините „наши“ и „ваши“

June 2, 2021 14:27
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој се зборуваше за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно. На настанот учествуваа активистката Лиса Баута Шаќири, актерката Владанка Димковска и Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири, ЦИВИЛ.

 

„Во бизнисот важат правила различни од обичното живеење. Во бизнисот има правило дека бизнисот постои за да прави пари. Во најголема мерка вработените се бираат дали ќе се исполни улогата за да се исполни работното место и дали вработениот ќе биде добар работник“, истакна Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот  на јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“.

„Етницитетот и културата се сепак на некое второ место. Сепак, сметам различноста на работното место апсолутно придонесува за добросостојбата за секој бизнис. Тоа мешање на култури, различни начини на живеење само ја обогатува работната средина и сите учат едни од други бидејќи секоја култура има нешто што се специфично за нив. Со соработниците од странство сум почувствувал дека таа разлика ја обогатува работата, ја прави работата полесна и побогата за некои искуства. Во бизнисот сепак мора да се заврши работата, тоа е основен критериум, но бизнисите кои се мултиетнички финансиски подобро стојат и луѓето се поефикасни во своето работење.   На пример младиот директор на Google, тој е Индиец затоа што бил способност и никој не ја гледал бојата на неговата кожа. За диверзитетот, пример директорот на Apple е геј, отворено зборува за тоа, и повторно тој е тој после Стив Џобс и ја дигна вредноста на Apple за 3 милијарди долари.

Сите големи компанија мораат да преземат мерки да се подобри диверзитетот на својата компанија, а тоа придонесува за состојбава, за атмосферата и за тоа како компанијата е свртена кон светот. Освен внатрешната благосостојба, компанијата проектира една состојба на диверзитет на неограниченост и напредност, а тоа и помага на компанијата да го изврши бизнисот.

Во инфорпект, ние се бавиме со изработка на софтвери на големи компании. Не се случило да направиме софтвер кој не е мултилингвален. И мојата компанија се труди да биде во тој тренд на различностите, на прифаќање на таа култура што ќе биде полесно за корисниците да ја користат“, истакна Орданоски.

„Кога веќе се бавиш со актерство, некогаш играме девици некогаш играме убијци. Актерството секојдневно ме учи да ги почитувам различностите. Преку актерството го живеам светот. Нас секој подеднакво не боли, сите сме од крв и месо. Ние истите текстови ги правиме само на различни јазици (македонски/албански). Ние често на сцена преку емоции комуницираме некогаш не треба ниту да збориме“, истакна  актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“.

„Бев во Београд викендов на една претстава и таму бевме сите од ексју просторите и никој не зборуваше за војни, за проблеми туку зборувавме за еднаквоста, за соживотот. Моето мото е дека не постојат граници“, додаде таа.

„Во последниве 5 години сум активен студент по психотерапија и тоа ми помага да ги сфатам работите кои сум ги правела порано и сум ги правела природно, сега им се дава теоретска позадина. Кога зборуваме за мултикултурализам, недискриминација, за прифаќање на различностите, од психолошка точка може да се каже дека е потреба за контакт“, истакна активистката Лиса Баута Шаќири на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“

Потребата за контакт се поистоветува со потребата за јадење пиење…

Во контактот со себе ќе видиме дека стапуваме во контакт со различни луѓе. Во нашето битие можеме да бидеме различни. Различно реагираме на добри и различно реагираме на лоши нешта, и по тој пат учиме како да ги прифатиме различностите во себе во исто време учиме како да ги прифатиме туѓите различности.

Ние природно го имаме тоа дека сакаме и можеме да живееме заедно. Во општествена смисла, било на која база да е различноста, ние треба да живееме заедно и тоа доведе дека ние живееме во ист простор но паралелно. Ние цело време се делиме по милион основи. Ние треба да живееме заедно и да ги негуваме различностите“, нагласи таа.

Дебатата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

Дехран Муратов и Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ