• Latest

Во официјалната програма на Мицотакис за денешните активности на НАТО Самитот, не е предвидена средба со Мицкоски

July 10, 2024

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во официјалната програма на Мицотакис за денешните активности на НАТО Самитот, не е предвидена средба со Мицкоски

July 10, 2024 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во официјалната програма на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денешните негови активности во Вашингтон на НАТО Самитот, не е предвидена средба со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски, јавува МИА. 

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, во 11.30 часот по локално време, Мицотакис ќе даде интервју за поранешната заменик-советничка за национална безбедност на САД Надја Сендлоу во рамките на NATO Public Forum, потоа ќе учествува на Самитот, во продолжение ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека пак во 19:30 часот по локално време ќе присуствува на вечерата во чест на лидерите кои учествуваат на Самитот, во организација на американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД.

Иако билатерална средба на двајцата премиери не е (официјално) предвидена, сепак Мицкоски и Мицотакис ќе присуствуваат на исти настани: на состанокот на НАТО и на вечерата во Белата куќа.

Грчкиот премиер за време на вчерашната дискусија со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations, говореше и за грчко-турските односи, кои ги карактеризираше како подобрени во последната една и пол година, како и за нашата земја, повторувајќи ги позициите на официјална Атина во однос на Договорот од Преспа и порачувајќи дека „најфундаменталниот аспект е името Северна Македонија кое мора да се користи и во внатрешноста и надвор“

Мицотакис посочи дека „Северна Македонија сега е земја-членка на НАТО бидејќи Грција го тргна ветото по Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека е Договор потпишан од претходната Влада, но го почитува бидејќи е „меѓународен договор што ја обврзува земјата“ и додаде дека употребата на името ерга омнес е нешто за што „Грција не преговара“.

-Кога слушам дека новата Влада на Северна Македонија во внатрешноста на земјата се нарекува Република Македонија, тогаш сериозно сум загрижен и секако тоа е прашање што сакам да го ποкренам, не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија, би рекол дека тоа е непотребна компликација во време кога сите би требало да бараат точки на конвергенција, рече Мицотакис.

Tags: МицкоскиМицотакисСамит на НАТОсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ