Жителите на Општина Чаир минатата вечер повторно се соочија со убиство. На улица Дижонска, Чаир, 43 годишна жена е прободена со нож, откако го нападнала сторителот со секира, но им подлегнала на повредите додека ја пренесувале во болница со брза помош. Истрагата е во тек.
Ова е трет случај на убиство во општина Чаир. Во ноември и декември минатата година се случија две убиства во истата општина, како и убиството во Аеродром. Сторителите се уште не се пронајдени.
Дијана Тахири