• Latest
Џабир Дерала

Во пајажината на Мицкоски и Апасиев

November 10, 2021

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Во пајажината на Мицкоски и Апасиев

Дали Скендер Реџепи - Зејд и неговата партија ќе ја лапнат јадицата што им ја фрли ДПМНЕ и ќе дозволат да останат заплеткани во пајажината на Мицкоски и Апасиев? На ваква провидна игра може да наседнат само наивни

November 10, 2021 07:30
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Координаторот на пратеничката група на ДПМНЕ, Никола Мицевски, на Фејсбук го повика Скендер Реџепи – Зејд самиот да избере 19 пратеници од ДПМНЕ за нова иницијатива за гласање на недоверба на владата. Колку великодушно!

Патем речено, во објавата на Фејсбук, Мицевски не пропушта да ги искористи познатите пропагандни изрази против владата кои важат за времето кога на власт беше токму ДПМНЕ. Впрочем, не е на одмет да се нотира уште еднаш дека, посредно или непосредно, од под пазувите на ДПМНЕ изникна радикалната десничарска партија која сѐ уште се нарекува Левица.

Оваа ситуација е школски пример за политички манипулации. Да видиме за што се работи.

Што постигна ДПМНЕ со само една манипулативна ФБ објава?

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, за кратко, предизвика восхит и поддршка од прогресивната јавност. Тој покажа пркос и интегритет со своите изјави дека нема да учествува во играта на Мицкоски и Апасиев. Сепак, со само една Фејсбук манипулативна објава, ДПМНЕ успеа да го разнишаа навидум непоколебливиот Зејд.

Зејд за „Слободен печат“ изјавил дека „начелно“ го прифаќа предизвикот на Никола Мицевски од ДПМНЕ за нова иницијатива за гласање доверба на Владата, во која нема да биде Левица.

Зејд изјавил и дека „со ова ќе паднат во вода сите информации дека тој бил ‘фатен’ од ДУИ и од СДСМ“. Според него, „новата иницијатива ќе докаже дека тој и Алтернатива во ниту еден момент не се колебале дали треба да се гласа за да ја урнат Владата.“

Мицкоски и Апасиев?

Дали Скендер Реџепи – Зејд и неговата партија ќе ја лапнат јадицата што им ја фрли ДПМНЕ и ќе дозволат да останат заплеткани во пајажината на Мицкоски и Апасиев? На ваква провидна игра може да наседнат само наивни.

Кому Зејд мисли дека треба да му се докажува дека не е „фатен“ од СДСМ и ДУИ? На Мицкоски и Апасиев? Затоа ли ќе се согласи да биде играчка во рацете на Мицкоски и Апасиев? Уште еднаш, во болд: Мицкоски и Апасиев? Може и извичник да се додаде, како во една легендарна изјава на Мицкоски од времето на „кафана и теретана“.

Суштината е во тоа што и без и со Апасиев, матрицата, мотивите, средствата и целите се исти. Да се дојде до власт и да се врати режимот кој ќе ја зароби државата и ќе ја турне во изолација, страв, сиромаштија, насилство и меѓународна изолација.

Со други зборови, Апасиев е можеби гласен и вулгарен, но е безначаен. ДПМНЕ и би сакале да го „откачат“, затоа што им е конкуренција. Во секој случај, за Зејд или за било која партија на Албанците, тој, Апасиев, не може да биде изговор да се влезе во оваа игра или не. Се работи за вредностите, а не за формалното (не)учество на Апасиев во уривањето на власта.

Губитнички опции

Има уште две опции зошто некој би останал во играта на националистите Мицкоски и Апасиев. Неугаслива жед за власт по(д) секоја цена или кусогледост. Без оглед на тоа дали се работи за наивност, жед за власт или кусогледост, ќе биде злоупотребен. Во ниту една од трите опции нема ништо добро за било која заедница или за државата. За Мицкоски и Апасиев, Албанците биле и ќе останат само обични инструменти. Како и сите останати, впрочем.

Едноставно, со Мицкоски и Апасиев, секоја опција е губитничка.

 


Текстот е личен став на Авторот. Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ