Во полошкиот регион, како што расте бројот на новозаразени со КОВИД-19, уште повеќе расте и бројот на лицата кои се во изолација, според прописите за заштита од корона вирусот, голем е и бројот на лицата кои добиле казна за неносење на заштитна маска.
Во последните 24 часа според официјалните податоци на СВР Тетово, евидентирани се 131 нови лица (ТЕ-128 и ГВ-3) во изолација со одлука на државниот здравствен и санитарен инспекторат, а досега 258 лица (ТЕ-230 и ГВ-28) веќе биле на изолација и истите се под контрола на полицијата и инспекторатот.
Истиот период 20 нови лица сите од Тетово, потпишале изјава за самоизолација, а извршена е контрола кај 90 лица кои веќе се во самоизолација, од кои 50 во Тетово и 40 во Гостивар.
Исто така со цел спречување на ширењето на КОВИД-19, за 165 лица (ТЕ-84 и ГВ-81) подготвени се уплатници за прекршок за дејствување во спротивност со правилата во време на пандемија, според член 6 на посебната владина уредба, односно заради не носење заштитна маска.
СВР Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спровеле контрола во угостителските објекти во Полошкиот регион и во еден објект во село Доброште е констатирано работење по дозволеното време.
А. Зеќири