Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19.
Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје, 4 од Гостивар, 3 од Куманово, по 2 починати лица од Охрид и Струмица и по едно починато лице од Битола Штип, Струга, Кочани , и Виница . Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.