• Latest

Во пресрет на Европскиот месец на различностите: Фокус на етничките заедници

April 21, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Во пресрет на Европскиот месец на различностите: Фокус на етничките заедници

April 21, 2021 07:54
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од заложбите на Европската комисија е и промовирање на различноста и вклученоста и борба против дискриминацијата на долгорочни основи, преку законодавството на земјите членки со цел да се постигне еднаквост во сите сфери на општеството и да им се овозможи на милиони луѓе да го достигнат својот целосен потенцијал. Сепак, сите ние – јавни институции, приватни компании, непрофитни организации, градови… сите треба да работиме заедно за да изградиме еднакви и инклузивни средини. Особено сега, за време на пандемијата КОВИД-19, кога различноста и вклученоста се изложени на ризик.

Според спроведените анкети, 59% Европејци веруваат дека дискриминацијата врз основа на етничкото потекло е широко распространета. Едно од три лица со африканско потекло вели дека доживеало расистичко малтретирање во последните пет години. Повеќе од 70 години по холокаустот, широко распространетиот антисемитизам влијае на еврејскиот народ во сите области на животот во ЕУ.

Од овие причини, Европскиот месец на различностите во 2021 година е со фокус на етничките различности и започнува со настан на високо ниво со европскиот комесар за еднаквост, Хелена Дали, на 4 мај 2021 година.

Од 2004 година, 26 повелби за различностите се воспоставени во Европа. Тие обезбедуваат поддршка и ги промовираат најдобрите практики во управувањето со различностите на илјадници водечки мултинационални компании, јавни организации и непрофитни организации. Европската платформа за повелби за различностите опфаќа 26 национални повелби кои ги претставуваат над 12,000 организации потписнички и повеќе од 16 милиони членови.

Платформата на ЕУ за повелби за различностите е создадена во 2010 година по иницијатива и со финансиска поддршка од Европската комисија. Платформата нуди место за постојните Европски повелби за различностите (во моментов 26) за размена и споделување на искуства и добри практики преку состаноци на Платформата, стручни семинари и годишни форуми на високо ниво.

Повелбите за различностите ги охрабруваат организациите (невладини организации, јавни тела, приватни компании) да развиваат и спроведуваат политики за различностите и инклузијата. Со потпишување на некоја од овие повелби, организацијата доброволно се обврзува да ги промовира различностите и еднаквите можности на работното место, без оглед на возраста, попреченоста, полот, расата или етничкото потекло, религијата или сексуалната ориентација.

Преку платформата, промоторите можат редовно да се среќаваат, да го споделуваат своето искуство и да развиваат заеднички алатки.

Германската повелбата на различностите, на пример, е промовирана од четири германски мултинационални компании во декември, 2006 година, со поддршка на Марија Бамер, тогашната комесарка на Федералната влада за миграции, бегалци и интеграција. Покровител на германската повелба е канцеларката Ангела Меркел. Досега ја потпишале над 2.900 компании од приватниот сектор, поголеми групации, невладини организации и фондации, како и дел од јавниот сектор.

„Ајде сите да заземеме посмела позиција кон различностите и да дејствуваме според тоа. Да ја покажеме нашата посветеност кон еднаквоста и овој мај, 2021 година, да го прославиме Европскиот месец на различностите заедно. Со различностите сплотени на работните места, ќе создадеме поправедна и порамноправна Европа за сите“ е пораката на актуелната еврокомесарка за еднаквост, Хелена Дали.

Во нашата земја, за одбележување е иницијативата на ЦИВИЛ која оваа година се спроведува со слоганот Направи разлика: Почитувај ги различностите посветена на промоцијата на различностите и европските вредности. И со овој проект, ЦИВИЛ, заедно со големиот број учеснички и учесници, ќе придонесе кон изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет. Проектот е продолжение на иницијативата „Обединети во различноста“ која беше спроведена минатата година, но воедно е и дел од заложбите стари колку и самата организација (22 години).

Во инцијативата се вклучени јавни личности, уметници, активисти и интелектуалци кои говорат и пишиваат за богатството кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.

подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ