• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во пресрет на локалните избори: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се ребрендираат, СДСМ со оглас за градоначалници

June 19, 2021

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Во пресрет на локалните избори: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се ребрендираат, СДСМ со оглас за градоначалници

June 19, 2021 14:37
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори во Република Северна Македонија се најавени за неколку месеци, односно средината на октомври, а учесниците на изборите веќе се активни на теренот со свои неофицијални предизборни кампањи.

Веќе во април  Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес конференција го претставија Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети беше градоначалник на Тетово од 2009 до 2013, исто така како кандидат на ДПА, па загуби од Теута Арифи.

Од коалицискиот партнер на Алијанса за Албанците, Алтернатива, се посочува името Беким Салиу за кандидат за градоначалник на општина Чаир, но до сега нема официјална потврда дали истиот кандидат ќе биде поддржан и од Алијансата за Албанците, доколку биде предложен.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), ја започна својата предизборна кампања со ребрендирање на партијата на 5 јуни во Градскиот парк на  свеченото одбележување на 19 години од формирањето на партијата. Настанот  се одржа под мотото  #Заедно  За зелена иднина.

-Денес, повредата на зелената агенда и загадувањето на животната средина, е закана за безбедноста, како што е корупцијата и организираниот криминал. Затоа, Владата, општините и сите наши институции треба да се придружат, и ние се залагаме да бидеме регионални и европски лидери на политиките на зелената агенда. Добредојдовте во Демократската унија за интеграција на развојот  и работните места преку зелената агенда, во Демократската унија за интеграција која освен што се грижи за еднаквоста, развојот  евроатлантскиот дух, се грижи и за воздухот, земјата и водата, за заедничка животна средина како предуслови за квалитетен развој и живот, изјави меѓу другото Ахмети на свечениот настан, по што е очигледно дека ДУИ на локалните избори ќе настапи со нова, поинаква програма од досегашните, посветена на зелените вредности.

И ВМРО- ДМПНЕ го најавија новиот концепт на партијата, кој гласи  „Македонија за сите луѓе“, на 16 јуни на одбележувањето на 31 роденден на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одбележа со прослава на Античкиот театар во Охрид, со кој се очекува да настапат на локалните избори на есен.  Лидерот на партијата Христијан Мицкоски најави и ново визуелно ребрендирање на партијата.

Македонија за сите луѓе, тоа е новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Светоглед согласно со кој ние ќе дејствуваме. Платформата со која ние ќе допреме до секое срце, до секој еден наш граѓанин. Силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат Македонија и кои сакаат својата иднина да си ја градат овде. Сакаме да му кажеме на народот која е нашата визија, мојот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа економска и национална девастација“, порача Мицкоски од Охрид.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) пред два дена отвори јавен повик за самокандидирање за градоначалници, со цел да ги изберат најдобрите кандидати за секоја општина.

-Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за​ претстојните​ локални избори.

Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто, се вели во соопштението од СДСМ.

Заинтересираните кандидати своите кандидатури (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака Самокандидатура за градоначалник на општина или самокандидатура за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2021 година) потребно е да ги достават до 30.06.2021 година, до Извршниот одбор на Централниот одбор на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Првите локални избори во земјава се одржани во 1996, година, потоа во 2000, 2005, 2009, 2013 и 2017 година. Следните избори на кои ќе се избираат градоначалници и советници на општини и на Град Скопје, ќе бидат седмите локални избори по ред.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ