Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 866 ден од целосната руска воена агресија во објава на Х по синоќешните руски ракетни напади врз детската болница во Кијив напиша:
866. Најголемата детска болница во Украина Охматдит во Кијив беше намерно погодена со стратешка крстосувачка ракета Кх-101 на руската армија. Охматдит спасува животи и лекува деца болни од рак.
Многу е важно светот да не молчи за ова воено злосторство на Русија.
866.Ukraine’s largest children’s hospital Okhmatdyt in Kyiv was deliberately hit with Kh-101 strategic cruise missile of the Russian army.Okhmatdyt saves lives and treats children with cancer.
It is very important that the world does not remaine silent about this war crime of🇷🇺 pic.twitter.com/PcdBYYn6vo— Larysa Dir (@dir_larysa) July 8, 2024
Според објавата на градската воена управа на Кијив на Телеграм што ја пренесе Укринформ, од вторник наутро, 9 јули, бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Кијив се зголеми на 27 загинати и 117 повредени.
Шефот на градската државна управа на Кијив, Серхи Попко, во објава на Телеграм изјави дека меѓу загинатите има четири деца.
Државната служба за итни случаи на Украина на Телеграм објави дека телото на момче било пронајдено за време на ноќното отстранување на урнатините во областа Шевченковски во градот.
„Како резултат на вчерашниот непријателски напад на Кијив, загинаа 27 лица, меѓу кои 4 деца, 117 се повредени, а 7 лица се спасени“, се вели во соопштението.
Спасувачите истакнаа дека последиците се уште се елиминираат на три локации. Во операциите се ангажирани вкупно 377 спасувачи и 76 единици опрема за СЕС.
За време на рускиот напад во Кијив, 32.000 луѓе се криеле во метро станиците,
Досега, 36 лица загинаа, а 140 беа повредени како резуктат на масивниот руски ракетен напад врз градови низ Украина на 8 јули.
Драган Мишев