• Latest

Во Србија хаотичен почеток на второто учебно полугодие, просветните работници протестираат

January 20, 2025

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија хаотичен почеток на второто учебно полугодие, просветните работници протестираат

January 20, 2025 15:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во повеќе градови во Србија се во тек големи протести на просветните работници кои се поддржани од учениците и дел од родителите на учениците.

Се уште не се разјаснети повеќемесечните протести и незадоволството на просветните работници во Србија од платите и целокупната позиција, јавуваат српските медиуми. 

Според училишниот календар, второто полугодие започна во понеделник на 20 јануари, откако заврши зимскиот распуст.

Учениците требало да се вратат во училниците по четири недели, бидејќи на годишен одмор заминале порано, на 24 декември. Иако репрезентативните синдикати за образование се договорија со Владата на Србија да го прекине штрајкот, противниците на договорот ја прекинаа работата и одржаа протестни собири.

Засега е невозможно да се утврди колку од околу 1.700 основни и средни училишта во Србија се отворени, колку од нив имаат скратена настава, а не се знае бројот на оние кои немаат настава на првиот ден по зимскиот распуст, а не се знае ни како ќе се одржува наставата од вторник.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека во понеделник ( денеска)  „повеќе од 80 отсто од училиштата ќе ја одржуваат наставата нормално“.

Тој најави дека владата во вторник ќе одржи седница и дека од вторник „просветниот инспекторат ќе оди во училиштата кои спротивно на законот ја прекинаа наставата“.

Дел од просветните работници рекоа дека прекинот на наставата е знак на поддршка за студентите кои со недели ги блокираат факултетите ширум земјата, барајќи од институциите да го почитуваат Уставот и законите и да ја вршат својата работа.

Ова пред се се однесува на утврдувањето на целосната одговорност за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени, како и објавувањето на целата документација за тој проект.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ