• Latest

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта, тутунарите бараат повисоки цени за 20 отсто

May 24, 2018

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта, тутунарите бараат повисоки цени за 20 отсто

May 24, 2018 14:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Откупните компании во земјава да ги зголемат цените на тутунот за 20 отсто, бараат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија на почетокот од новата реколта тутун и потпишувањето на новите договори.

Според Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, досега се засадени 70 отсто од површините со тутун во земјава. Временските услови во реони помогаа, но во други поради невреме и град дел од тутунскиот расад беше уништен или прерастен.

Тутунари прес

– За оваа реколта се издадени 23.432 евидентни листа, а пријавени се 14.669 хектари да бидат засадени со тутун. Според ова, треба да се склучат 34.105 договори со откупните компании во земјава, а откупните фирми пријавија за проиводство на 28 илјади тони тутун колку што очекуваат да биде тешка оваа реколта. Но, реално, во споредба со лани нема зголемување на тутунопроизводството, се очекуваат преку 23.000 тони тутун, главно поради временските услови, зашто ако вака продолжи сезоната, ќе има и намалување, вели Неделковски.

Деновиве, додава, невреме ги зафати Долненско и општина Новаци, па може да се намалат количествата. Освен тоа, младите не сакаат да произведуваат тутун.

– Она што го бараме е намалување на разликата помеѓу цените на класите. Конкретно, бараме зголемување од 10 отсто за прва, 30 отсто за втора и 20 отстотно зголемување на цената на третата класа. Ги повикуваме откупувачите да ги зголемат цените барем за 20 отсто доколку сакаат тутунопроизводството да опстане, нагласува Неделкоски.

За Данчо Милески од Сојузот, главно, откупувачите во земјава се согласуваат на зголемување на цените преку анекси на договорот.

– Окупувачите начелно прифаќаат зголемување на цената за 20 отсто и дека ќе се регулира со анекс договори. Затоа се уште не се склучени договорите. Со оглед на тоа дека Владата ги зголеми субвенциите, тогаш цените треба да ги зголемат и откупувачите на кои им е потребен ориенталниот ароматичен тутун од Македонија, потенцира тој.

Во соседните земји, посочува, главно се одгледува крупнолисен тутун и производството е намалено.

– На фабрикацијата на Балканот и се потребни 120 илјади тони кои во моментов ги нема и затоа ние очекуваме повисоки откупни цени. Нашите укажувања се дека тутунот не е социјална, туку економска категорија која обезбедува добивка, а и девизен прилив, објаснува Милески.

Новините во законот за тутун се што од в година нема да се бараат евидентни листови, туку тутунарите директно ќе се договараат со откупувачите.

– Цените да бидат познати пред да почне реколтата, за да нема манипулации како што прават досега откупните компании. Освен тоа, прифатено е откупот да почнува од 15 ноември и да заврши крајно до 25 февруари, посочи Милески.

Во земјава од тутунопроизводство егзистираат преку 24.000 семејства. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека при крај е исплатата на субвенциите за ланската реколта кои се зголемени, одосно, за прва класа е 80, за втора 70, а за трета и за другите класи по 60 денари за откупен килограм тутун. (MИА)

Tags: повисоки цениСојузот на тутунските здруженија на Македонијатутун
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ