Активистот за ЛГБТИ правата, Беким Асани на својот Фејсбук профил објавил статус дека за време на пожарот во модуларната болница во Тетово сите си помагаа без разлика кој од која националност или религија припаѓа.
„Еден Aлбанец, спасил двајца Mакедонци…Еден Mакедонец, спасил една Aлбанка…Во тие моменти никој не прашувал никого која националност е и на кој Бог се моли…Овие мали позитивни нешта ми даваат сила да уште живеам во овој град…Тетово, мое, твое, наше…“, пишува Асани.