Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во Центарот за јавно здравје – Скопје се позитивни на КОВИД-19, истакна директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево.
Зибери додаде тие се до добра здравствена состојба и на домашно лекување, од каде ги извршуваат своите работни задачи.
Сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на КОВИД-19.
Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде директорката е позитивна на вирусот, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.