пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Тоа што го гледавме кај нас на 27 април, се случува сега во Американскиот конгрес. Протестот, на кој повика претседателот во заминување Трамп, се претвори во насилен и крвав упад на толпа насилници во највисокиот дом кој ги претставува граѓаните на САД.
Оваа драма, која за многумина беше незамислива, се случува во моменти кога се одржува седница, на која Сенатот одлучува за верифицирање на електорските гласови од претседателските избори – на кои Бајден победи, а Трамп изгуби но не признава пораз и ги користи сите можни методи да се задржи на власт.
Во Вашингтон во овие мигови се решава не само судбината и иднината на американската демократија, туку и таа на светот.
Целиот нормален и напреден свет го осудува насилството на поддржувачите на Трамп, дава целосна поддршка за американскиот народ и се моли за победа на американската демократија над насилниците!
А по таа победа, се надевам дека следуваат подобри денови за демократијата секаде во светот, а полоши секако за насилниците и лудаците од било кој вид.
Секој поинаков развој на настаните ќе значи голема неизвесност, многу повеќе насилство и несреќи, не само за Америка, туку за целиот свет.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.