• Latest

Во земјава 201 заболен од Ковид-19, идната недела пристигнуваат респиратори, заштитни маски и тестови

March 27, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во земјава 201 заболен од Ковид-19, идната недела пристигнуваат респиратори, заштитни маски и тестови

March 27, 2020 08:36
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 201 лице во земјава се заболени од коронавирусот. На Клиниката за инфективни болести вчера е испишан еден пациент од Дебар, кој е пратен на домашно лекување во добра општа состојба со два негативни последователни теста, а се очекува да биде пуштена на домашно лекување уште една пациентка од Скопје чии два последователни тестови се негативни. Со тоа досега тројца се излекувани, а тројца пациенти се починати.

Најголем број случаи се во Скопје (123), по што следат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

Нов регистриран случај заболен од коронавирус е пациентот од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура му бил направен тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Вчера интензивно работел тим епидемиолози, а тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти кои биле во контакт со него.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од следната недела ќе има мобилни тестирања, а Куманово ќе биде еден од првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат.

Во Велес каде веќе се потврдени три случаи, министерот најави зајакнување на епидемиолошката служба со еден или двајца епидемиолози кои ќе бидат испратени во текот на денешниот ден, а следната недела и мобилна екипа.

Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Филипче вчера рече дека добиле одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини кои ги очекуваат на почетокот на април, а следниве денови ќе добијат одговор и од кинеската амбасадата од која побарале донација пред неколку недели.

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу две илјади лица. Сепак, министерот најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

Според министерот, вонредната состојба и мерките што се воведоа се сосема доволен механизам да се постигне крајната цел, а тоа е ограничување на движењето. Нагласи дека очекува да даде резултат значајното зголемување на часовите на ограничување на движење, односно полицискиот час за време на викендот.

За да се спречи ширење на заразата за викендов ќе важат дополнителни рестриктивни мерки. Во сабота и недела за сите граѓани ќе биде забрането движењето од 16 часот до 5 наредниот ден.

Остануваат да важат и претходните забрани – полицискиот час од  21 до 5 часот и забраната за излегување надвор за постари од 67 години (од 11 до 5 часот) и за помлади од 18 години (од 21 часот до 12 наредниот ден).

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ